- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Русија: Претседателот Дмитри Медведев во посета на Силиконска долина

Категории: Источна и Централна Европа, Северна Америка, Русија, САД, Граѓански медиуми, Политика, Технологија, Туризам, Хумор, Рунет Ехо

Рускиот претседател Дмитри Медведев, за време на неговата нашироко дискутирана турнеја во Силикононска долина (Silicon Valley), вечераше со Арнолд Шварценегер (Arnold Schwarzenegger) [1] [анг], ја посети Апл (Apple) [2] [руски], официјално отвори [3] [англиски] рачун на Твитер [4] [руски] во канцелариите на компанијата и одби [5] [англиски] да се сретне со основачот на Гугл (Google) Сергеј Брин (Sergey Brin). Руската блогосфера реагираше [6] [руски] со бројни шеги и карикатури [7] [руски] на оваа тема.