Филипини: Конгресот не успеа да го усвои предлог-законот за слобода на информирање

Последната седница на филипинскиот конгрес на 8ми јуни беше обележана со неуспехот  да се усвои предлог-законот за слобода на информирање, значаен закон со  кој ќе спроведе една политика која ќе ги обелоденува владините трансакции. Предложениот закон ќе ги санкционира службениците кои одбиваат пристап до информации и е прифатен како неопходен за осигурување на уставните права на луѓето да знаат што се случува во државата (Поништениот закон може во целост да се прочита овде).

Блогот Дејли ФЦЗН  при Филипинскиот центар за истражувачко новинарство ги следи одблизу настаните околу предлог-законот за слобода на информирање. Дејли ФЦЗН известува за непосредната причина за поништувањето на законот:

Претседателот на Собранието Просперо Ногралес,  ја одложи на неопределено време (без можност за идна седница) законодавната седница на 14иот Конгрес пред само неколку моменти, затворајќи ја вратата за ратификација на Законот за слобода на информациите (СИ).

До одложување дојде откако генералниот секретар на Собранието констатира дека на седницата се присутни само 128 пратеници, двајца помалку од потребниот кворум.

Пулитика2010 ги објавува “имињата на 139 -те пратеници кои или беа отсутни или пак беа присутни, но не одговорија на гласањето по список”, а со тоа го предизвикаа неусвојување на законот.

Анти-Пиној го поврзува неусвојувањето на предлог-законот со проблемот на отсуство на работа на владата и предлага усвојување на законот преку народна иницијатива.

Со оглед на состојбата на денешната технологија, велам дека – доколку закодавните тела не сакаат да ја работат својата работа – тогаш ние, граѓаните – можеме и сакаме. Граѓаните ќе ги презентираат законодавните тела како застарени, пишувајќи законодавства преку  дигиталните технологии на човечка соработка. Зборувам за изворната моќ на луѓето – на која ѝ успева да постигне резултати преку институционалните механизми овозможени од острана на филипинскиот устав и придружните овозможувачки закони – РА6735 – или Актот за иницијатива и референдум.

Блогот Марикарим експеримент го нарекува Конгресот  “Пантеон на срамот” и ги разработува последиците од неусвојувањето на законот за филипинската власт.

Слободните и отворени владини трансакции и достапноста на граѓаните до записите и податоците се ветување и предуслов за чисто, чесно управување. Ниедна влада не може да тврди дека е транспарентна, отворена и чиста, кога е покриена со наметката на тајноста и кога ѝ е дозволено да работи со заговор и молчење. Кога самиот систем на управување останува затворен за јавноста, кога системот намерно ја држи јавноста слепа за она што таа треба да го гледа, тогаш системот може да се нарече како и да е, освен слободен.

Џоурни Континиус ја забележува скриената рака над администрацијата на заминување на Аројо.

Не беше многу одамна кога генералниот директор на НЕДА, Ромуло Нери, одби да ги открие деталите од неговиот разговор со претседателот Глориа Макапагал Аројо на тема скандалот на  ЗТЕ-НБН, повикувајќи се на “извршни привилегии”. Очигледно, оваа Влада не сака јавноста да ги види неправилностите во нејзиното работење.

Мон Касипл го гледа неуспехот како уште еден пример на срамната злоупотреба на власт на администрацијата на Аројо.

За жал, закон за СИ нема да има. Го набљудуваме традиционалниот метод со кој администрацијата на Аројо го поткопа демократскиот ред користејќи сопствени правила (устав, закони и правила на законот).  Прашањето со кворумот се рангира на високо место,  заедно со лажното пополнување на обвинението против ГМА,  редефинирањето на “периодот од усвојувањето до заклучувањето на актот”, „кратките патишта“ за правилата и прописите на набавки и објавување на воена власт преку “вонредна состојба”.

Лајф ин Глориус енчантед кингдом повторно објавува една истражувачка приказна за неправилностите во работењето на Претседателот на Собранието, Ногралес, административниот сојузник за неусвојувањето на предлог-законот.

Авторите на поништениот закон оттогаш открија дека, Ногралес и неговите сојузници остро се противат на предлог-законот: може да се користи за преглед и ревизија, на ретроактивен начин, на делата и одлуките на законодавните тела и јавните службеници.

КОЈА ТАЈНА или тајни на Собранието на претставниците со претседателот Просперо Ногралес би избегнале јавна контрола, сред неуспешните напори на Собранието за ратификација на Законот за Слобода на информациите, минатиот петок.

Рајзинг сан гледа со  резервираност на потенцијалното погрешно користење или злоупотреба на предложениот Закон за Слобода на информации.

Колку е важно правото за постоење на Законот за информирање за земјата денес?

Не сум премногу голем оптимист за предложениот Закон за СИ, бидејќи може да ги направи работите потешки за новинарите при собирањето на информации. Клучните одредби за обелоденување на доверливи документи по одреден период, не се присутни. Исто така, нема посебни одредби за изведувањето на итни истраги за новинари на кои им се поставени  крајни рокови за предавање на нивната работа.

Доколку се ратификува, кои промени би ги довел, во споредба со претходните закони за медиуми во државата? Дали претходно усвоените закони не беа доволни? Зошто не?

Според мене, обезбедува закон кој овозможува уставна гаранција за слободата на информирање, што е добро за јавноста. Меѓутоа, изведувањето на новинарската професија може да биде компромитирана поради наложениот период на чекање за обработка на барањата на информации. Законите за медиуми, во овој контекст, не се зајакнуваат туку напротив слабеат, во зависнот од тоа колку Законот за СИ (штом ќе биде усвоен како Закон) ќе биде спроведен од следната влада.

Влада и даноци сепак наоѓа одредена утеха во неусвојувањето на предлог-законот.

Незадоволството на лидерството на Собранието и најверојатно и на претседателот на кој заминува за овој Закон, е јасно. Пред неколку месеци, пред непосредните избори на 10 мај, Собранието ратификува неколку предлог – закони кои ја попречија двособраниската конференциска комисија, освен за предлог-законот за СИ.

И како што е спомнато, овој закон е предлаган во текот на последните 14 години сѐ до оваа година. Подобрен е од бројни општествени граѓански групи и медиуми.

Ова е еден пример дека ГОЛЕМАТА влада никогаш не е среќна со поголема транспарентност и поголема одговорност.

Сепак, постои една утеха: законот кој создава нова бирократија, “Филипинската даночна академија” исто така, денес не беше ратификуван.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.