Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Колумбија: Армијата спаси 4 заложници киднапирани од ФАРК во 1998

Во неделата напладне на 13 јуни, додека повеќето Колумбијци се припремаа да го гледаат фудбалскиот натпревар во светскиот куп помеѓу Германија и Австралија, излезе најновата вест: неколку минути претходно претседателот Урибе го објави спасувањето на генералот Луис Мендиета и полковникот Енрике Муријо, двајца колумбиски службеници на националната полиција кои беа киднапирани од ФАРК на 1 ноември 1998, за време на опсадата Миту [es] кај Амазон, во југоисточниот дел Ваупес. Неколку часа подоцна, властите потврдија дека воениот наредник Арбеј Делгадо Арготе (киднапиран на 3 август 1998 во Мирафлорес, Гуавире) е исто така спасен и дека полковникот Вилијам Донато (киднапиран заедно со Делгадо) избегал. Во понеделникот наутро Донато бил пронајден од армијата (сите оние кои биле спасени биле унапредени на повисоки чинови откако таков закон беше одобрен од Конгресот [шпански] во 2008). Спасувањето, коешто се случи во Каламар, Гуавире, беше наречено Операција Камелеон според Министерот за одбрана Габриел Силва. Во 2008, во Операцијата Џаку беше спасена Ингрид Бетанкурт и уште 14 други заложници.

Луѓе демонстрираат со натпис „ФАРК и неговите заложници се срам за државата“ 20 јули 2008. Слика од pattoncito, корисник на Flickr, употребена под лиценцата на Криејтив комонс.

Кога се појави оваа вест, колумбиските корисници на Twitter –додека типуваа за натпреварите од светскиот куп– изреагираа на веста. Многумина од нив со радост [шпански], други пак беа доста недоверливи [шпански] поради времето во кое се случи оваа операција, една недела пред последниот круг од претседателските избори помеѓу Хуан Мануел Сантос (поранешен Министер за одбрана) и Антанас Мокус.

@kaops19852:

Gracias @AlvaroUribeVel por demostrarles a los amigos de las Farc y a ese grupo que hasta el ultimo día de su mandato los ataca con fuerza

Ви благодарам @AlvaroUribeVel за тоа што им покажавте на Фарк и нивните пријатели дека ќе ги напаѓате со сета сила до последниот ден од вашиот мандат.

@adrianitaca:

No puedo creer que algunos en vez de alegrarse digan estupideces

Не можам да поверувам дека некои луѓе наместо да се радуваат, кажуваат такви глупости

@MaisAngel:

La alegría de un rescatado y el grandioso trabajo de las FFAA no deben nublar el análisis.

Радоста од спасувањето и одличната работа што ја завршија воените сили не треба да ги заматат нашите анализи.

@sergioand:

No importa si usted es liberal, conservador, Uribista, verde o del PIN. Es un secuestrado menos¡¡¡¡¡¡

Не е важно дали сте либерал, конзервативец, урибист, или поддржувач на зелената или PIN партијата. Тоа е една помалку киднапирана личност.

@AlfonsoRicoT:

Mejor gol, de #Mundial, anotado por el #Ejército al rescatar a #Mendieta y #Murillo #PiedadCórdoba #Secuestrados #FARC http://bit.ly/9bp4n5

Најдобриот гол од #светскиоткуп, постигнат од #Армијата при спасувањето на #Мендиета и #Муријо #PiedadCórdoba #Киднапирани од#ФАРК http://bit.ly/9bp4n5

@simonwilchesc (1, 2):

Si hubiera una diferencia más clara entre Gobierno y Estado. Lo de Mendieta no causaría reacciones encontradas y sospechas entre la gente. Y este gobierno ha preferido beneficiar a individuos sobre las instituciones, Es natural que exista la sospecha. No se hagan y no se quejen.

Доколку постоеше појасна разлика помеѓу владата и државата, [спасувањето на] Мендиета немаше да наиде на различни реакции и сомнежи кај луѓето. А на оваа администрација повеќе ѝ одговараше да ги поддржи поединците отколку институциите. Нормално е да постои сомнеж. Немојте да се правите [на Тошо] и немојте да се жалите.

Sinceramente creo en la buena fe de la gente. No sean hijueputas, si Uribe los hubiera podido rescatar a todos, lo hubiera hecho.

Искрено јас верувам во добрата нарав на луѓето. Немојте да бидете кретени, кога би можел, Урибе би ги спасил сите.

@klawdy:

Que viva Colombia carajo, viva nuestro glorioso Ejército Nacional!!! Ojalá la maldita “Corte Suprema de Justicia” no los juzgue en 20 años.

Да живее Колумбија, да му се сневиди, да живее нашата славна национална армија!!! Се надевам дека проклетиот „Врховен суд на правдата“ нема да ги осуди за 20 години.

@stultaviro:

Si hay un falso positivo, la culpa es de Uribe. Si hay una operación exitosa contra la subversión, es oportunismo de Uribe. Lógica mamerta.

Ако постои лажна слика, тогаш вината оди кај Урибе. Ако операцијата против субверзијата е успешна, тоа е поради опортунизмот на Урибе. Комунистичка логика.

@juanmurs:

De todo corazón me alegro por la liberación de los secuestrados,pero no sabia que cuando hay rescate militar si se permite el show mediatico

Од сè срце се радувам за ослободувањето на киднапираните, но не знаев дека военото спасување може да биде медиумски покриено.

@JoseGregorio:

Se necesita un fanatismo inmenso para recibir con odio cualquier logro de Uribe. Me impresionan.

Потребен е огромен фанатизам за секој успех на Урибе да се прими со омраза. Ме импресионирате.

@NiaEsco:

A mi me parece triste que siempre rescaten a los más conocidos. ¿y el resto qué?

Мислам дека тажно е што секогаш ги спасуваат најпознатите [заложници]. Што е со останатите?

@MauricioJaramil:

Qué tontería sugerir que rescate tiene propósitos electorales. El riesgo de una operación fallida era mucho mayor.

Која глупост е да се каже дека спасувањето има изборна позадина. Ризикот од неуспешна операција е многу поголем.

@arttesano:

¿ si hemos de estar de algun lado no ha de ser del lado de los secuestrados ? . . .

Ако треба да заземеме нечија страна зар не треба да бидеме на страната на заложниците?

@egolaxista:

Lo verdaderamente ridículo es que aquí acusen a alguien de no estar contento porque rescataron a un secuestrado.

Она што е навистина смешно е тоа што тука се обвинува некој дека не е среќен што некоја киднапирана личност е спасена.

@jrinconh:

Quienes están contrariados con el rescate porque creen que favorece al candidato del gobierno, harían bien en disimilar un poquito.

Оние кои се вознемирени со спасувањето бидејќи мислат дека тоа оди во полза на кандидатот на владата, ќе биде добро ако не го покажуваат тоа толку јавно.

@DanielitoBang:

De incoherencias y otras bondades: Malo el show cuando liberaron a Moncayo. Formidable ahora cuando rescataron a Mendieta. ¿Es así?

Недоследности и други добрини: Шоуто не чинеше кога Монкајо беше ослободен. А беше импресивно кога го спасија Мендиета. Така ли е?

Во понеделникот наутро, спасените заложници беа однесени во Богота за да се видат со своите роднини и да им се изврши лекарски преглед. Некои корисници на Twitter го критикуваа начинот на кој новинарите ја покриваа приказната и се однесуваа при пристигнувањето на ослободените заложници и за време на конференцијата за пeчат [шпански] којашто следуваше потоа, како и фактот што, освен Мендиета, останатите заложници сè уште имаа синџири на нивните вратови.

@Tefa_:

¿Y esas cadenas que van a mostrar cuántos votos darán? ¿no podían quitárselas o es otra estrategia de JJ?

И тие синџири коишто ќе бидат покажани на ТВ, колку гласа можат да донесат? Зар не можеа да ги тргнат или ова е уште една стратегија на венецуелскиот спин-доктор ЈЈ [Rendón]?

@juanmurs:

Empezó el show en Catam, me acuerdo cuando dijeron que quitarle las cadenas a Moncayo era una payasada

Шоуто започна во Катам [воен аеродром], се сеќавам кога рекоа дека глупаво е да му се извадат синџирите на Монкајо.

@kloscorrea:

Parece que algunos periodistas y fotografos quisieran que no estuvieran los familiares estorbando

Изгледа дека некои новинари и фото-репортери сакаа роднините да не бидат таму да им стојат на патот

@hyperconectado:

Deberíamos ser expertos en ruedas de prensa para secuestrados. Pero no.

Ние би требало да бидеме експерти на правење конференции за печат за заложници. Но, не сме.

@programator

¿Sí es necesaria esa música apocalíptica para una noticia? Está bien que pasen los testimonios, pero la banda sonora no.

Потребно ли е да се става таква апокалиптичка музика на вести? Добро е да ги покажат изјавите, но не и музиката.

@_wap_:

Tenian una motosierra para la liberacion, y no tenian una hijueputa segueta o unas pinzas para quitarles esas cadenas? #Libertad

[Армијата] имаше моторна пила [пшански] за ослободувањето, а немаше една е*ана пила за сечење или клешти за да им ги извадат синџирите? #слобода

@pcastano

Las últimas liberaciones me han tocado con visitantes estadounidenses en mi casa. Hoy Josh hace preguntas sobre todo este circo…

Кога се случија последните ослободувања на [заложници] кај мене имав еден гостин од Америка. Денес Џош ме прашува за сиот тој циркус…

@AlejitaO:

La libertad de estos colombianos no tiene nada que ver con un color político, todos repudiamos a las Farc, en eso todos nos parecemos.

Слободата на овие Колумбијци не е обоена со ниедна политичка партија, сите го осудуваме ФАРК, во тој поглед сме исти.

Со спасувањето на овие 4 заложници, 17 воени и полициски офицери остануваат сè уште во заложништво на ФАРК [шпански], којшто се обиде да ги замени за заробените герилци; исто така во Колумбија има уште стотици анонимни заложници [шпански].

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.