Русија: Пуштени во употреба првите домени на кирилица

Заклучно со 13ти мај беа пуштени во употреба првите четири домени на кирилица: „президент.рф” (Веб страницата на рускиот претседател), „правительство.рф” (Владина веб страница), „кц.рф” (Координативен центар за регистрација на домени – руски огранок на ICANN) и „ник.рф” (Национален центар за регистрација на домени). Конечно се случи тоа што руските официјални лица и блогери го очекуваа! Русија стана четврта земја која воведе домени на не-латинично писмо (по Саудиска Арабија, Египет и Обединетите Арапски Емирати чии што домени беа пуштени во употреба една недела претходно [англиски]).

Долго очекуваната иницијатива (GV пишуваше за тоа во Ноември 2009 [англиски]) предизивика ентузијазам и скептицизам, а исто така се обелоденија и проблемите со пребарувачите. Најентузијастичките коментари (понекогаш и премногу ентузијастички) дојдоа од страна на про-владиниот патриотски дел на RuNet. Во една изјава за печатот, младинската организација “Molodaya Gvardia” изјави [руски]:

Свершилось! 13 мая 2010 года (запомните этот день!) впервые в истории заработали сайты в кириллическом домене РФ. Два ресурса в новой зоне открыли президент и правительство. Россия первой в мире получила национальный государственный домен.

Се случи! На 13ти мај, 2010 (запомнете го денов!), за првпат во историјата, две веб страници започнаа да функционираат со кириличниот домен „.рф.” Два ресурси во новата зона иницирани од страна на Претседателот и владата.  Русија е прва земја во светот (така е! – ГВО) којашто доби национален  домен.

Покрај ултра-патриотските коментари, интерфејсот е интересен за рускиот пишувач и говорник – пишувањето на адресата е многу полесно и поедноставно. Истовремено, кај повеќето домени, структурата на сајтот остана непроменета (на пр. насловите во урл адресата се со латинично писмо, што и не е толку важно):

Example of hybrid cyrillic-latin domain, screenshot from президент.рф

Пример на хибриден кирилично-латиничен домен, кадар од екранот на президент.рф

Блогерката Стасја твитуваше [руски]:

класс! домен кириллический, а линки вглубь по-прежнему латиницей: президент.рф/news

Одлично! Доменот е на кирилица, но сите последователни линкови се сèуште на латиница: президент.рф/news

tapka-fai додаде свој коментар за “http://” делот во Урл адресата:

а http почему не по-русски? непорядок

а зошто http не е на руски? Ова не чини!

Според корисникот Co0L[руски] првиот домен на кирилица е тест доменот  http://пример.испытание/ (“пример.тест”).

Kryloshanin не само што ја критикуваше оваа иницијатива за кириличниот домен, туку исто така ги анализираше официјалните изјави на оваа тема [руски]. Некои беа прилично изненадувачки (а во исто време и доста проникливи). Како што изјави директорот на Координативниот центар[руски]:

Теперь можно набирать их названия в любой поисковой системе, используя сразу русский язык, а не латиницу, как это было до сих пор”

Сега луѓето може да ги напишат нивните имиња  (имињата на домените – ГВО) во било кој систем користејќи го руското писмо, а не латиницата како што беше досега.

Kryloshanin рече:

Вероятно, мы с директором Координационного центра национального домена в сети Интернет до настоящего времени по-разному пользовались поисковиками?

Изгледа дека јас и директорот на координативниот центар на националниот домен на интернет мрежата сме ги користеле пребарувачите на различен начин.

Сарказмот е поткрепен со принтскрин од „креативното” прелистување:

"Creative" browsing, printscreen by LJ-user Kryloshanin

"Creative" browsing, printscreen by LJ-user Kryloshanin

Kryloshanin исто така дискутираше  за една друга претходна контроверзна изјава на рускиот министер Шеголев [руски]. Тој рече дека пребарувачите не можат правилно да ги индексираат кириличните домени, што баш и не е вистина – Google дава индексирани резултати за  “кц.рф” [руски]. Истовремено, според antonblog.ru [руски], Yandex.ru (популарен руски пребарувач) сè уште не може да индексира три кирилични домени.

Rustex е скептичен [руски], но без доза на сарказам:

Ну что же – первый шаг к разъединению интернета сделан…
Очень жаль. Вообщем-то, второе падение Вавилонской башни.

Па – се случи првиот чекор кон одделувањето од интернетот…
Навистина тажно. Но ете, тоа е вториот пад на Вавилонската кула.

Roem.ru пријави [руски] проблеми при прикажување на точната адреса во Mozilla Firefox и Safari (доменот е претставен на следниов начин: http://xn--j1ay.xn--p1ai/), додека кај Chrome и Internet Explorer адресата остана непроменета.

Во Мај 2010 започнува нова ера во развојот на светската интернет мрежа. Беа потребни 19 години да еволуира системот кој што сега излегува на површината. Сèуште е тешко да се предвидат резултатите од употребата на не-латиничните домени. Разбирливо е дека може да бидат негативни (деструкција на стандардизираниот информативен простор, бројни технички проблеми, “гетоизација” или “национализација” на вебот по што би следувале рестрикции на мрежата/регулирање на националните интернет простори), но и позитивни (еманципација на не-латиничните азбучни системи, леснотија при ракувањето, можни импликации за елиминација на дигиталната поделба). Сепак, останува отворено прашањето: колку е влијателна оваа промена? Дали мулти-азбучната мрежа ќе го преобрази светот или ќе се користи само за национална самосвест?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.