- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Размислувања на Австралијанците за досегашното претседателство на Обама

Категории: Океанија, Северна Америка, Австралија, САД, Владеење, Граѓански медиуми, Животна средина, Меѓународни односи, Политика

Заради кризата со излевањето на нафта, Барак Обама по втор пат го откажа своето патување во Австралија. Претходниот пат, причина за одложувањето беше здравственото законодавство. Во негово отсуство, блогерите ја оценуваат неговата улога и неговото достигнување како претседател. Постовите не се спонтани туку добро смислени:

Крег Мек Мартри, новинар во Здружението на Австралиската радиодифузија во Вашингтон, се осврна повеќе на неговата инстинктивна отколку на интелектуалната улога како лидер:

На почеток, постоеше збунетост околу тоа кој е одговорен за изразувањето на чувствата на Американците – дали BP (Британска нафта – British Petrol) или Белата куќа за време на катастрофата со излевање на нафтата, но законски, нафтената компанија е одговорна страна.
Сепак, за тоа мора да е одговорен претседателот, бидејќи шефот на BP, Тони Хејворд, се дисквалификува себеси кога им се пожали на новинарите дека не сака да ја превземе таа одговорност.

Според тоа, Барак Обама е одговорен за изразување на чувства. Само што, не е јасно е дали тој ја сака таа работа.  
Мислења на жителите од Мексичкиот залив [1]

Дакпонд, редовен коментатор за меѓународни прашања, се жали дека промената не е доволно реална:

… ми се чини дека постои фрустрација поради тоа што Владата не го превзеде проблемот во свои раце, оставајќи ги сите важни одлуки на компанијата која донесе избрзани одлуки за безбедноста на проектот.

Постот ја испитува улогата на Обама во случајот со нафтената криза како и загриженоста дека Обама не го предизвикува Вашингтон онолку колку што ветуваше пред изборите:

Обама го направи проблемот уште послолжен обврзувајќи се за вадење на нафта далеку од брегот – уште една шлаканица од една од многуте единици за подршка при изборите. Проблемот, како што мене ми се чини, не е да го изиграш системот, туку неуспехот да забележиме дека системот мора да се смени од надвор и дека не може да се промени со внатрешни спогодби.
Оценување на претседателот [2]

Inside Story, Денис Алтман, професор по Политика на Универзитетот La Trobe во Мелбурн, кој во моментов се наоѓа во посета на САД и известува за домашниот притисок врз претседателството:

Фактот дека Барак Обама по втор пат ја одложува посетата на Индонезија и Австралија, не потсетува дека за сите политичари домашниот терен е најважен, а особено во средината на годината во која ќе се одржуваат избори.

Алтман не е оптимист во однос на надворешните односи. Тој се сомнева во тоа дали Обама ќе постигне напредок во областа на човековите права во Блискиот Исток:

Обама е класичен реалист кој е подготвен за прифаќање компромисни решенија со цел да постигне ограничени цели.

… намерното непознавање на останатиот свет во неговата земја е огромна пречка за развивање на повешта надворешна политика, политика која ја препознава важноста на прашањата за глобалната безбедност како што се климатските промени и недостатокот од храна.

Сепак, гледа зраци на надеж:

Обама сепак направи важен чекор, водејќи го развојот на еден глобален одговор на неконтролираното нуклеарно раширување.
Америка на Обама [3]

На веб-страницата Online Opinion, Брендан О’Конор, го разгледува исто така и влијанието на Барак, надвор од Америка. Најголем број на позитивни мислења за него има во Западна Европа:

… несомнено е дека Обама придонесе во тоа голем број луѓе да се чуствуваат попозитивно кога станува збор за Америка и нејзината глобална улога.

Но, во Русија, Пакистан и Блискиот Исток, мислењата се поинакви:
новиот американски претседател е помалку важен на местата каде се чуствува американската моќ и милитаризмот или пак на места каде зависат од него.
Дали Обама го промени светот во изминатите 18 месеци? [4]

Освежувачки е да прочитате неколку постови за американскиот претседател без сарказам во извикувањето на неговото име и навивање од маргините. Многу критикуваниот [5] премиер на Австралија, Кевин Рад, сигурно би посакал малку од тоа. Или, барем една посета од неговиот „пријател“ Барак, за да го оттргне вниманието на блогосферата од внатрешната политика.