Јапонија: „1Q84“, новиот бестселер на Харуки Мураками

“Во твоето небо колку месечини лебдат?. Ова е клучната фраза во 1Q84 [јапонски], Ichi Kew Hachi Yon, (Q на Јапонски се чита исто како 9), новото 2 поглавје од романот на познатиот писател на бестселери Харуки Мураками, кој за помалку од две недели продаде повеќе од 960.000 копии.

1Q84. By Flickr usr id:semicolon

1Q84.од корисник на Flickr

Благодарение на вештата и тивка промотивна кампања, во која беа објавени единствено насловот и датумот на издавање, само тие што ја купија книгата дознаа каков свет им припремил Харуки овој пат.

Книгата наскоро ќе биде преведена и на други јазици, а во меѓувреме некои јапонски блогери, кои ја прочитале во неколку дена, дебатираа за долго очекуваната новела.

Фушиги го цитираше Мураками кој во интервју за магазионт Време, минатиот септември го кажа следното:

Ја пишувам книгата скоро две години и ќе биде најголемата книга што сум ја напишал.
Сите мои книги се чудни љубовни приказни. Ги сакам тие теми. И оваа книга ќе биде една долга, невообичаена љубовна приказна..

Но како читателите всушност ја интерпретираа приказната и што ги фасцинира најмногу? Подолу ви претставуваме неколку цитати од блогери кои ја анализираат атмосферата и пораката во содржината на 1Q84…трудејќи се да не навлегуваат во детали на истата!

Блогерот од Life is a MacGuffin се чини ја доловил мистериозната приказна на заплетот.

いやあ、面白かったです。ある意味で自分の期待を裏切るような方向に話がどんどん進んでいったんですけどね。もちろん村上春樹作品なので、普通のミステリーのように最後に全てがきれいに解決するわけじゃないと覚悟はしてました。

Беше забавно. Во одредена смисла приказната почна да зема правец спротивно од моите очекувања. Се разбира бидејќи зборуваме за работа на Харуки Мураками, веќе бев припремен на фактот дека крајот нема да има чиста разрешница на интригите како во нормалните мистерии.

[…]

この作品では、2つの月が浮かぶ夜空が出てきたりして、虚構であるところはあくまでも虚構でしたけど、特定の団体(連合赤 軍、ヤマギシズム、オウム真理教、エホバの証人)や、若い女性作家に芥川賞を取らせようとするところ(綿矢りさor金原ひとみ?)など現実世界の事象を容 易に想起させる記述もありました。そういう虚構と現実のバランスがすごくよかったです。

Во приказната небото ноќе има две месечини така да и покрај тоа што се работи за фикција сепак во исто време претставува мешавина на елементи кои лесно можат да се поврзат со специфични групи (како Црвената Армија, Јамагашизам, Аум Шинрикио, Јеховини Сведоци) или настани во вистинска смисла на зборот како на пример кога и беше дадена Акутагава наградата на младата писателка (Лиса Ватаја или Хитоми Канехара?) итн.

Пример како комбинација на фантазија и реалност е добро избалансирана.

Како во коментарот погоре, многу читатели забележуваат значајно влијание во новелата на „новите“ религии и врската помеѓу нив, за кои Мураками истражуваше при пишувањето на неговото научно дело Подземје во 1997.

Geiheimagent анализира што според него е безусловната порака во 1Q84.

もっと言ってしまえば、ポスト・オウム的な小説である。

Се работи за пост-Аум новела.

[…]

また、治癒をとりあげて作品を眺めてみると、この作品全体が治癒の物語と呼ぶこともできよう。おそらくそれは斎藤環がうん ざりする類の典型的な「トラウマ話」と呼ぶことができる。このような物語は、言ってしまえば『リーサル・ウェポン』と同様だ。しかし、『1Q84』では治 癒が最終的な救済として描かれることはない。

Истовремено е и дело кое се бави со исцелување, самиот роман можеме да го дефинираме како исцелителна новела. Можеби дури и типична „трауматична приказна“  која би го досадувал Тамаки Саито до смрт. Потсетува на „Смртоносно оружје“. Но во 1Q84 исцелувањето не е прикажано како финално спасение.

[…]

とどまり続けることがこの作品のなかでは肯定されているのだろう。あちら側に足を踏み入れることなく、別な生き方を選択 することの可能性が提示されている、と言っても良い。全面的かつ最終的な救済はありえない。しんどいことは再びやってくる。しかし、それを受容しなけれ ば、また別な幸福の可能性もあり得ないものとなる。それは的を射た意見だし、同意もできる考え方だと思う。

Во ова дело се потврдува вредноста во истрајноста и наведува на можноста за донесување одлуки и менување на начинот на живеење без да навлегуваме во поинаков свет. Тотално и дефинитивно ослободување не постои. Ужасни нешта ни се случуваат многу пати. Ако не сме во состојба да ги прифатиме како такви тогаш ќе ни биде невозможно да ги искусиме моментите кога ќе бидеме среќни. Овој аспект на гледање остава значаен белег и не можам а да не се сложам со сето тоа.

Јуми51 ги повикува луѓето кои не ја прочитале книгата и не сакаат да ги знаат деталите да не го читаат коментарот понатаму. (Сепак бидејќи немаме намера да им откриваме на читателите ќе преведеме прочистени коментари)

下巻の最初の方で村上春樹自身が以前に、この1Q84について「恐怖」がテーマの一つとなる作品だみたいなことを言ってたらしい、ということを思い出して、納得した。
その恐怖って言うのも、派手なものじゃなくて、だんだんと得体のしれない何かが、自分を蝕んでいったり、身の回りにおかしなことを起こしたりする、っていう感じの「恐怖」。
映画で例えるなら「シャイニング」?
最近読んだ本で例えるなら「ねじの回転」?
主人公たちのまわりが少しずつおかしくなって、だんだんと親しい人がいなくなるあたり。
恐怖が忍び寄ってくる感じは印象的だった。

Читајќи го првиот дел од второто поглавје, можев да почуствувам задоволство во развојот на приказната при што некои зборови на Мураками ми паднаа на памет и се сетив на претходните негови најави дека темата во ова дело ќе биде „страв“
Стравот не е претставен на театрален начин. Тоа е загадочен и непријатен осет, неодредено чувство кое предизвикува чудни случувања на луѓето околу. Кога би бил филм, би го споредила со „Сјаење“ или со кингата The Turn of the Screw која ја прочитава неодамна.
Луѓето кои го опкружуват протагонистот стануваат чудни малку по малку и еден по еден исчезнуваат.
Мрачниот страв кои го опкружува читателот ме остави со длабоки импресии.

[…]

1Q84が今までにない、というか新鮮だなと自分が感じたのは「私には愛があります」みたいなことを言えちゃう主人公の存在。
大事なところで、そんなストレートで暗示的じゃないことを言う主人公は今までいなかった気がする。
1Q84の主人公は、そもそも女だし。

Тоа што почуствував како оргинално во 1Q84 е присуството на протагонист кој навистина може да ги искаже своите чувства и да каже работи како „Јас можам да љубам“
Најважното нешто сепак е тоа што главниот јунак кога зборува e директен без „криење во грмушка“, и пред се главната личност во 1Q84 е жена!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.