- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Грција: Новиот премиер објави прв официјален коментар на Фејсбук

Категории: Грција, Владеење, Граѓански медиуми, Избори, Најважни вести, Политика

Антонис Самарас ја објави својата прва порака [1] (на грчки) како новоизбран грчки премиер на неговата официјална страница на Фејсбук, барајќи од грчкиот народ да „покаже патриотизам и нескршливо национално единство и доверба“. Тој исто така подвлече дека „со Божја помош, ќе сторат сè што возможно што поскоро земјата да се извади од кризата“. Нетизените коментираат на Твитер [2]. По Парламентарните избори во Грција на 17 јуни 2012 г., партијата Нова Демократија [3] има формирано коалициска влада која се заколна на 20 јуни [3], во која учествуваат ПАСОК [3] и ДИМАР [4], третата и шестата партија во земјта по број на парламентарци.