Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Египет: Се викав Калед и не бев терорист

Фотографија од Мурид Баргути

Демонстрациите и бесот продолжуваат во Египет, поради смртта на еден млад Египќанец, наводно во рацете на полицијата. Бесот на улиците е очигледен, каде што граѓаните, новинарите се изјаснуваат.

Се викав Калед и не бев терорист е името на новата Фејсбук страна, која го осудува мачењето на полицијата и користењето на Законот за вонредна состојба за тероризирање на граѓаните. “Правото за вонредна состојба е алатка во рацете на извршната власт за да ги напаѓа многу од основните права и слободи гарантирани со египетскиот устав,” објаснува Меѓународната федерација за човекови права. Смртта на Калед Саед збесна многу Египќани, кои испаднаа на демонстрации протестирајќи за неговата брутална смрт; Амнести интернешанел ја тера египетската влада да го истражи убиството на овој млад човек; а владата тврди дека тој е криминалец.

Смртта на Калед е повторно резимирана на  Фејсбук англиската страна:

Приказната почнува на 7 јуни 2010 година кога Калед Саед отиде во неговото вообичаено интернет кафе во Сидигабер-Александрија, Египет.

Потоа, двајца полицајци – Махмуд Алфалах и Авад Елмокбер/детективот- направија заседа во тоа кафе за лични карти, што е комплетно надвор од нивната надлежност и без правна дозвола. Тој-Калед- го одби начинот на нечовечко однесување и последователно беше така брутално нападнат, силно удиран во пределот на градите и стомакот, а неговиот череп беше смачкан со мермерна решетка пред сите луѓе и сведоци во кафето, додека Калед беше оставен да крвари. Потоа, дивите полицајци ги земаа телото и сместија во полициското возило, продолжувајќи да го измачуваат до смрт. На крајот, го фрлија неговото тело на улицата, за да можат да тврдат дека бил нападнат од странци и да избегнат одговорност.

Сето ова е резултат на унгнетувачкиот систем на Мубарак, со кој тој го контролира Египет под Законот за вонредна состојба, кој и дава на полицијата горна рака да ги третира жителите како робови.

Шадоуви додаде:

Сведоци-клиенти на сајбер кафето и улични пешаци- тврдеа дека тепањето постојано се одвивало во период од 20 минути и било извршено пред сите, придружено од криците, солзите и плачот на Калед за помош.

Друг сведок, Махмуд Али, извести дека двајцата полицајци го земале телото на жртвата до “Сеиди Габер” полициската станица и го вратиле 15 минути подоцна на местото на злосторот и повикале итна помош со цел да се извлечат со нивното кривично дело.

Братот на Калед потврдува во “Шорук весникот” дека, особено таа ноќ Калед никогаш не бил притворен во некоја полициска станица или на друго место и дека се однесувал примерно, почитуван од соседите и пријателите. Тој, исто така, спомна дека е од чесна фамилија, чиишто синови не се затворски птици. “Откако ги слушнав обвинувањата на полициската станица за мојот брат, веднаш се упатив во американската амбасада и ги информирав за инцидентот, бидејќи јас сум Американец; Мислев дека мојот американски пасош, наместо египетскиот, ќе ме заштити што е главната причина за нечесноста на поседниците” додаде тој.

Адвокатот на жртвата, Валед Саед, поднесе тужба до јавниот обвинител, обвинувајќи ги двајцата полицајци за тепање и мачање на Калед до смрт и влечење на неговото тело се до полициската станица.

Кој би помислил дека цената што ќе  ја платил, заради прашањето “зошто” неговите основни човекови права се прекршени, ќе биде неговиот живот? Па, како што изгледа, ова е случај поради законот за вонредна состојба; секој Египќанец треба да помисли два пати, пред да отиде предалеку и се заложи за своите граѓански права, мислејќи дека е Мартин Лутер Кинг во своето време.

Травелер Витин нагласи како полицијата се однесуваше на местото на злосторот:

Полицајци се враќаа на местото барајќи секакви направи за снимање или телефони што можат да известат за инцидентот. Сепак, тие не успееја да спречат веста да се објави и нашироко споделена преку Твитер и други социјални медиумски алатки, кои даваа детали од настанот, споделуваа фотографии на починатиот по неговата смрт и почнаа да се организираат за протести и граѓански акции да се доведат наводните сторители пред правдата и да протестираат за користењето на Законот за вонредна состојаба, кој е во сила од 1981 година и  дополнет минатиот месец за уште две години, со јасна декларација на државата дека ќе се користи “во случај на тероризам и трговија со дрога”.

Фотографија од Сара Кар

Вил Е. отиде на демонстрациите од 13 јуни  и го даде следново известување

Штом пристигнав бев повлечен за маицата и ми се заканија дека ќе ме уапсат, што и ќе се случеше, доколку полицајците не беа зафатени влечејќи двајца други кон полициското комбе, но тоа е незначаен настан според шемата на работите. Мора да појаснам дека не изговорив ниту еден збор кога пристигнав за прв пат и ми се обраќаа со најнеучтивите имиња и на груб начин. Ми се заканија дека ќе ме “одведат”, дека сите кои што се наоѓаат во околината ќе бидат “одведени”, рече полицаецот, пред да почне да ме влечи.
Двајцата што беа одвлечени, по моето пристигнување се наоѓаа во областа надвор од периметарот. Полицијата рутинирачки ги конфискуваше камерите и ги бришеа сите снимки и фотографии. Колку што јас знам некои камери им беа вратени назад и не можеме да бидеме сведоци на судбината на камерите. Полицијата беше насекаде околу зградите и секогаш кога ќе започнеше пеењето , ќе им оставеа неколку минути, а потоа ќе ги обвинеа.
Неколку луѓе беа повредени, еден од нашите пријатели беше одведен во болница, друг пак бегајќи од обвинение од полицаецот падна на глава и целото лице му беше покриено во крв. Го ставија во такси со, како што ми изгледаше обезбедување, но не знам каде го одведија.
Стравот беше присутен насекаде, страв за изразување на мислење за време на протестот, тие официално опколени, беа блокирани од луѓето во црно (Амн маркази) . За полицијата беше вообичаен бизнис, не се грижеа што се пееше или кој злоупотребуваа.

The Traveller Within Травелер Витин објави  видеа, фотографии, клипови од лице место и пишуваа:

Вчера, низ Каиро имаше неколку протести, барајќи правда за Калед Мохамед Саед и да се суди за неговото убиство – се до Министерот за правда, Хабиб ел Адли. Како што велеше еден од извикуваните слогани–

“Ако тоа беше Израел (или било кое друго место, за таа работа), Ел Адли ќе беше отпуштен.”

Но не и во Египет. Не кога, како што уште еднаш кажаа луѓето, главната причина за постењето на полицијата е да го штити постојниот режим од луѓето.

On the protest, Зеинобиа напиша:

Најдобрата фотографија што ја пронајдов на протестот беше оваа фотографија од Асад.
Тука, исто така, има друга фотографија од Афет
Не знам како режимот се осудува и ја отвара својата уста пред фотографиите кои ја покажуваат бруталноста на полицијата против мировните демонстратори. Само погледнете ги видеата и слајдовите, подолу, за да разберете што сакам да кажам.

Блогерот и новинарот Сара Кар, исто така, беше сведок на Владеењето на нерезите [детална слика]

Повеќе грешки, глупости од полицијата се направија вчера, откако им одговорија на демонстраторите, повторно протестирајќи на полициско насилство со насилство.

Околу 150 луѓе во 5 часот попладне се собраа на Лазогли Сквер- дом на седиштето за државна безбедност. Оваа бројка набрзина се зголеми откако демонстраторите беа спречени да се соберат пред портите на Министерството за внатрешни работи-како што првично се планираше-собрани на плоштадот. Успеаа да го опкружат плоштадот пред полицијата да успее да се организира. Вообичаениот црн појас беше набрзина направен и бевме херметички затворени внатре.  Бевме добро зготвени внатре.

Amr Salama Амр Салама објави повеќе слики од протестот ОВДЕ
Kareem El Beheiry Карем ел Бехири објави видеа од острите мерки и нападите на полицијата ОВДЕ

Па, зошто навистина Калед умре? Табулла Газа одговори:

Минатати месеци работев на видео проект во врска со измачувањето, па кога слушнав за јавното тепање и убиството на 28 годишниот Калед Саед во четврток навечер, не беше никакво изненадување.  Според блогерот Мфата7, Калед или снимаше или се здобил со видео што открива многу полициски службеници кои се вклучени во трговија со дрога. Ова е видеото обезбедено од неговата сестра [изложување на корупција и инцидент со трговија на дрога на полицијатa

Амр Салама го запиша разговорот од видеото

Клипови од последниве видео записи беа нашироко раширени низ заинтересираните корисници и активисти. Клиповите беа директно поврзани со убиството на Калед Саед. Видеото покажува полициски службеник и неговите помошници во канцеларија каде делат 80 килограми дрога помеѓу себе. Можете да ги слушнете како коментираат:  “да се напушат” и му честитаат на нивниот шеф.

Сендманки запиша:

Кога испадна приказната и луѓето ги видоа фотографиите, секако дека беа збеснати. Околу 1000 луѓе се собраа по петочните молитви за да протестираат пред полицискитестаници, и планираат да седат и демонстрираат цела недела, барајќи од луѓето да преземат акции, пред и тие да станат следниот Калед.  Министерството за внатрешни работи брзо одговори, изјавувајчи дека Калед е криминалец, женкар и дилер на дрога и одговорен за нападите од 9 септември, и дека умрел од гушење, а сликата е по дијагнозата на неговото тело од судскиот вештак. Како и дека навистина треба да ни биде мило што таква опасност на слобода не е со нас повеќе.

На 12 јуни 2010 година, одделот за медиуми и јавни односи при египетското министерство за внатрешни работи издаде изјава одбивајќи ја содржината на сведоштвата на сведоците, како и извештаи од организации за човекови права во врска со убиството на Калед Саед во Александрија, велејќи дека изјавите се невистинити, срамни фалсификати, и ја поминуваат линјата за ширење на лаги итн. и Табула Газа ја сподели официјалната изјава на Ал Недем центарот [целосната изјава овде]

Изјавата на МВР [Министерството за внатрешни работи] заклучи дека нема “да се повлечеме, без разлика колкави се тврдењата.” Ниту пак ние, без разлика колку многу МВР ги шири лагите и теророт. Ние ќе продолжиме да ги изложуваме кривичните дела на мачење, посегнува по жртвите, обезбедувајќи им правна, психолошка и медиумска подршка, како и сите други форми на подршка се додека измачувањата не се доведат до правда… се додека не постои јавно извинување…се додека постои мачење… се додека сторителите не се доведени пред правдата… ние нема да се повлечеме

Расчистувајќи ја сликата на Калед, Зеинобиа пишува

Луѓето се многу лути на Алекс, особено на Сиди Габер за лажните извештаи за Калед, што ги одведе неговите пријатели и новинарот Баха ел-Тавил, да пишуваат за вториот Калед, другиот Калед којшто не беше познат за МВР и одби да ја напушти оваа држава, бидејќи ја сака оваа држава!! Другиоѕ Калед кој не избегна од својата воена служба, како што тврдеше МВР, другиот Калед кој не пушеше цигари.

Таа, исто така, овјави видеа од неговите соседи кои го бранат и сведоштвото на сопственикот на интернет кафето

Па дури и Калед да беше “пафкач”, сексуален престапник, или терорист како што тврдеше Министерството за внатрешни работи, Зеинобиа се прашува

Дали полицијата преправена како цивилни агенти имаат право да претресуваат други граѓани!!?? Ако НЕ- што е и одговорот-тогаш зошто ги претресуваа луѓето!!??
Дали имаше налог за официјална истрага издаден, за да се претреси било кој на улицата!!??
Како тие агенти знаеја дека Калед е опасен измамник!!??? Доколку веруваме во изјавата на МВР, нема ли да се прашаме како Калед знаел дека токму тие двајца, кои оделе на улицата во цивилка се полициски агенти!!??

Сендманки ја заврши својата изјава, велејќи:

Египет сака да се прокламира како земја на сигурност и безбедност. Ве молам забележете дека зборот сигурност секогаш го ставаме прв. Сакаме да мислиме дека сме безбедни, дека сме подобри од оние злобни западни држав, каде што жената е силувана на секои 48 часа или било што друго, но ние не сме. Ние не сме безбедни. Никој од нас не е. Не во оваа држава, не на овој свет. Секој од нас, во секое време може да ја изгуби искрата на живото, а за среќните тоа се случува набрзина и безболно. Несреќните патат. Оние кои навистина немаат среќа завршуваат како Калед.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.