Бразил: Граѓаните од копнените градови поставуваат плажа во планински град

На крајот од минатата година, кога Oпштината на градот Бело Хоризонте издаде одлука со која се забрануваат настани од секаква природа кои би заземале место на еден од најпознатите плоштади во градот, не се очекуваше тоа да  резултира во „живот на плажа” во бразилскиот копнен планински град.

Бело Хоризонте е главниот град на Минас Жераис држава која се наоѓа во јужниот дел на Бразил. Градот кој се наоѓа далеку од крајбрежјето, опкружен е со планини и има динамичен културен живот, во кој постои место сите суб-култури да се развиваат, да соживеат и да се изразат преку разни форми на собири и настани. Плоштадот Праса да Естасао (Praça da Estação) е познато вакво место.

Фотографија од Фликр: Жоао Пердигао (João Perdigão), под Криејтив Комонс лиценца

Градот е роден буквално тука, затоа што ова е местото на старата централна железничка станица, кое служеше како “влезно пристаниште” за луѓе и материјали за време на изградбата во раните денови на Бело Хоризонте во 19-тиот век. Железницата сѐ уште ја користат оние кои доаѓаат од западните и северните делови на градот, и исто така користи како директна линија до крајбрежниот град Виторија, главен град на соседната држава Еспирито Санто. Зградата на старата железничка станица беше преуредена во Музеј на уметност и ракотворби кој почна да привлекува туристи во центарот на градот. Големиот плоштад пред станицата беше неодамна реновиран, и на него се наоѓаат две големи фонтани што можат да бидат исклучени по потреба при собири. Praça da Estação е исто така точка од која започнува настанот Critical Mass (англиски) и главно место каде се одржува познатиот годишен фестивал Arraial de Belô- натпревар со велосипеди, како и други изведби во живо и разни настани кои го зачинуваат социјалниот живот во Бело Хоризонто. Или не?

Минатиот Декември, градоначалникот на градот издаде одлука со која, плоштадот беше осуден да стане монотоно место базирано само да гарантира јавна безбедност, одржувајќи ја натрупаноста до минимум за да се зачува државното надследство. Одлуката веднаш наиде на остри негодувања од страна на граѓаните, за кои плоштадот претставува важен дел од културниот живот на градот за кој, тие како плаќачи на данок, придонеле во неговото обновување. Блогерите дискутираа за новиот закон, одлучувајќи дека можноста за оваа одлука може да е прв чекор на патот кон отменоста,во подготовка за Олимписките Игри 2014.

Протестот наречен Носи бело” беше закажан на 7ми јануари, и собра околу 50-тина луѓе кои трагаа по одговори:

Porque a Secretaria de Segurança Patrimonial não propôs um debate com a população sobre a depredação na Praça da Estação?
Porque os eventos foram proibidos na Praça da Estação e não na Praça do Papa?
Porque poucas pessoas entram no Museu de Artes e Ofícios que fica na Praça da Estação?
Qual é o maior espaço central para eventos gratuitos em Belo Horizonte? Quais foram as depredações dos últimos eventos?

Зошто одделот за безбедносни имоти не предложи дебата со населението во врска со деградацијата на главниот плоштад?
Зошто е забрането одржување на настани на главниот плоштад а не во Пласа де Папа (Плоштад на Папата)?
Зошто само малкумина го посетуваат Музејот на уметност и ракотворби кој се наоѓа на главниот плоштад?
Кое е најголемото централно место за одржување бесплатни настани во Бело Хоризонте? Кои беа уништувањата од неодамнешните настани?

Од оваа средба најпрво се заклучи дека има потреба од поставување на основно движење кое ќе биде ослободено од партиско здружување и во полза на локалната култура. А од дискусиите кои следеа, се роди нова идеа: состаноци на плоштадот во саботите, носење храна, пијалоци, бикини/шорцеви, крпи, чадори, тапани и гитари. Во целост, претворање на плоштадот во градска плажа. Идејата се прошири преку социјалните интернет мрежи и беше спроведена во практика од локалните жители.

Фотографија од Фликр: Луиз Наваро, под Криејтив Комонс лиценца

Оттогаш, Праја де Естасао (Градска плажа) стана неодминливо место, саботна рутина за градските лутачи. Релаксирачко, забавно место кое сепак покажува потврдувачки чин во знак на протест, чин на граѓанска непослушност која е проследена со задоволство од страна на уличните продавачи и барови околу плоштадот. Фонтаните, кои се обично вклучени точно од 11 претпладне до 5 попладне, остануваат исклучени во саботите, но штрајкувачите собираат доволно ситно за да донесат резервоар со вода кој ќе ја попрска толпата.

Други обиди за вознемирување на градската плажа беа Евентоес (Големите настани), со кои се повикуваат луѓето да донесат “настани од било каков вид” на плоштадот каде што истите се забранети. Настаните здружија стотици луѓе и предизвикаа тензии кога полицијата интервенираше со цел да ги запре луѓето кои планираа да донесат музички системи на плоштадот. Првиот настан заврши со шетање на капачите по улиците блокирајќи го сообраќајот извесно време , пред да стигнат до популарниот Viaduto, кој се наоѓа на само неколку блока од плоштадот, познат по гостувањето на раперскиот дуел од Бело Хоризонте во петоците.

Големи настани (Eventão), под Криејтив Комонс лиценца

Отворениот блог Праса Ливре БХ (Praça Livre BH) стана повеќе од обичен соопштувач за сите настани на плажата. Беше проширен и фокусот за теми како што е отменоста, лишувањето од слобода и занимањата, кои нудат солидарност на другите познати движења во Бразил, како она на студентите од Флоријанополис (Florianópolis), кои се бореа за бесплатни автобуски билети. Некои капачи кои протестираа во саботите на многу прибран начин проследен со уозбилено однесување за време на работната недела, присуствувајќи меѓу јавната публика во општината. Првиот настан започна на 24-ти Март и покрај отсуството на локалните високи службеници – како што е градоначалникот Марсио Ласерда (Márcio Lacerda),претседателот на организацијата за локална култура Таис Пиментел (Taís Pimentel), локалниот управен секретар Фернандо Кабрал (Fernando Cabral), и претседателот на градската туристичка агенција „Белотур“ (“Belotur”), Жулио Пирес (Júlio Pires) – штрајкувачите можеа да ги изнесат своите грижи, во однос на користењето на јавен простор платен со јавни пари, до Ангела Мариа Фереира (Ângela Maria Ferreira), регионалниот шеф на кабинетот претставувајќи ги горенаведените службеници. Таа ги осигура дека ситуацијата е привремена.


Градска плажа – Јавен собир – Видео протест

Всушност, конечно на 4-ти Мај, донесената одлука беше поништена. Но, под еден услов. Настаните на плоштадот сега се предодредени со минимален данок од 4950 американски долари, што овозможува да се одвиваат само приватно спонзорирани настани:

Tal medida materializada pelos decretos 13.960 e 13.961 e editada na ultima terça-feira 4 de maio,  pretende dar aos espaços públicos o mesmo tratamento dos “salões de festa”, pode?

Таквите мерки ги материјализираа и дополнија одлуките 13.960 и 13.961 претходниот вторник на 4-ти Мај.  Тие мислатдека можат да ги третираат јавните места како балски сали, ви се верува ли?

И навистина, сега изгледа дека плоштадот ќе биде домаќин на виртуелниот светски натпревар, спонзориран од компанијата Кока-Кола. Продавачи на храна и пијалак, јавни тоалети, големи екрани, обезбедување и неизбежни куќарки за продажба на билети ќе го окупираат плоштадот, а се чувствуваат тензии во дискусиите за користење на јавниот простор на плоштадот од City Hall. Граѓаните сега се запрашуваат дали е ова иднината за јавните простори: со контролирање на тоа кој влегува и наплаќање за влез во било кое време.

Essas intervenções se definem por moldes dos velhos projetos característicos de todas as modernas cidades erguidas sob os pressupostos unitários do capitalismo: limpeza de aspecto fundamentalmente classista, projetos infra-estruturais de custos estratosféricos, restauração de pontos turísticos e outros.

Овие интервенции се дефинирани по шема на стари проекти, типични за сите модерни градови кои се основани врз пресметки на капитализмот: основен, класичен, јасен аспект, проекти за инфраструктурата со огромни цени, реставрација на туристички места и друго.

Ваквите грижи се предмет на дебатирање околу функционирањето на градските простори. Со одржувањето на следното светско првенство 2014, во кое Бразил е домаќин, и Олимписките Игри, кои ќе се одржат во Рио Де Жанеиро во 2016, граѓаните ги чувствуваат првите чекори кон патот до отмена јавна политика, донесена од странство како дел од глобалната тенденција на моќ за превземање контрола над населението во светот. Во Бразил, ваквите грижи се чувствуваат и осудуваат во многу градови, особено во Рио и во Сао Паоло.

Invariavelmente, as olimpíadas dão início a uma blitzkrieg contra pobres e moradores de rua, criando um verdadeiro estado de exceção. Zonas da cidade são praticamente fechadas a quem não tiver ingresso, as ruas são socialmente higienizadas e a polícia passa a agir com truculência animalesca contra os não convidados para a festança de gringo que vamos montar.

Неизбежно, Олимписките Игри ќе започнат со борба против сиромашните и бездомниците, што ќе предизвика една исклучителна состојба. Некои места во градот ќе бидат практично затворени за оние кои немаат  билет, улиците ќе бидат социјално исчистени а полицијата ќе започне да дејствува со животинска суровост против оние што не се поканети на забавата на „белите“ која ќе ја организираме.

Па така, иако на плоштадот нема да има место за капачи за време на претстојното светско првенство,  движењето Праса Ливре (Praça Livre) од својот блог продолжува да се бори за бесплатни јавни простори и бара разбирање, во случај новата одлука да биде како онаа поништената. Се бараат одговори за јавните дејства а прашањето е: колку јако ќе стане ова движење и уште колку вакви движења ќе видиме да се организираат во Бразил за време на следната деценија.

Сите линкови водат до текстови напишани на португалски освен ако не се на друг начин обележани.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.