Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Изјава: Глобал војсис бара ослободување на Таџикистанскиот научник Алекс Содиков

Алекс Содиков со сопругата и бебето. Фотографијата е објавена со дозвола.

Алекс Содиков со сопругата и бебето. Фотографијата е објавена со дозвола.

Заедницата на Глобал војсис бара итно ослободување на Александар Содиков, докторанд на Универзитетот во Торонто и автор на Глобал војсис кој моментално е притворен во Таџикистан, неговата родна земја.

Алекс беше уапсен на 16 јуни во Автономната Област Горно-Бадакшан, каде што работеше на истражување на мирното разрешување конфликти во рамки на колаборативен проект со Универзитетот од Ексетер. Алекс го интервјуирал Алим Шерзамонов, регионален претставник на опозициската Социјал-демократска партија на Таџикистан, му пришле и го грабнале полицајци во цивил, кои наводно се претставиле како агенти на државната безбедност.

Таџикистанскиот Државен комитет за национална безбедност подоцна објави известување во кое го потврди апсењето инаведе дека Содиков се занимавал со шпијунажа во полза на неидентификувана странска влада. Од друга страна, до моментот на објавување на оваа изјава властите на Таџикистан немаат потврдено дека Содиков е во државен затвор.

Приведувањето на Александар е многу налик на насилно снемување, кое е нелегално според меѓународното право. Преку изјава, Хуман рајтс воч забележува дека насилните снемувања се случуваат кога државните агенти „одбиваат да признаат дека држат некого во притвор или ја кријат судбината и локацијата на грабнатото лице, со што ги ставаат вон заштита на законот“.

Глобал војсис е заедница на блогери, активисти, писатели и преведувачи од 167 земји. Универзалното човеково право на слобода на изразување е фундаментално за нашата мисија: да се пренесат сториите од целиот свет за кои не се известува и да се брани правото на секој човек да зборува слободно и без страв. Како научник, Алекс е длабоко посветен на откривање прашања за индивидуи од разните страни на политичката дебата во неговата родна земја. Стаписани сме од ова нарушување на неговото право на слобода на изразување и длабоко сме загрижени за неговата безбедност. Бараме функционерите на власта на Таџикистан итно и безусловно да го ослободат Алекс.

 

Начини на поддршка:

Посетете го официјалниот веб-сајт на кампањата за ослободување на Алекс Содиков (на англиски и руски)

Додадете го своето име и/или името на вашата организација на петицијата за ослободување на Алекс

Твитувајте и следете го хаштагот #FreeAlexSodiqov

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.