Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Антивладини протести го тресат новото раководство во Бугарија

Назначувањето на контроверзниот заменик лидер на турската етничка партија на Бугарија на чело на Националната агенција за безбедност предизвика огромен бран негодувања ширум земјата. И тоа негодувања против владата која е на власт само две недели.

Повеќе од 10,000 луѓе се собраа во главниот град Софија на 14 јуни 2013 година, откако Делијан Пеевски (Delyan Peevski), медиумски магнат и член на Движењето за права и слободи (Movement for Rights and Freedoms (MRF), кој бил замешан во неколку корупциски скандали во изминатите години, беше одреден за клучната функција само по 15 минутно гласање во Собранието, без никаква дискусија.

Масовниот протест беше организиран за неколку часа преку социјалните мрежи. Иако истураше дожд во градот, илјадници присуствуваа пред седиштето на владата. Се организираа протести и во внатрешноста. И по шест дена, протестите продолжуваат.

Thousands gather to protests in the streets of Sofia. (Photo used with permission)

Илјадници се собраа да протестираат на улиците на Софија. Фотографијата е преземена од веб – локацијата на организацијата Сапротива (Отпор). Употребено со дозвола.

По првиот ден од неочекуваните протести, Пеевски најави дека е подготвен да се повлече од функцијата.

И покрај неговото соопштение, демонстрациите продолжија со засилено темпо во текот на наредните денови. На 16 јуни, 15,000 луѓе се собраа за антивладин протест против владејачката Социјалистичка партија на Бугарија, како и обединетата партија на етничките Турци MRF, која претходно го поддржа назначувањето на Пеевски за споменатата функција.

Демонстрациите вршат притисок врз новата влада, која стапи на власт преку изборите одржани на 12 мај 2013 година по повлекувањето на владата на Бојко Борисов во февруари. Претходната влада се повлече по масовните протести поради високите цени за електрична енергија, нискиот животен стандард и повеќе корупциски скандали. Тие протести, иако сѐ уште скорешни и без преседан за тоа време, денес се под закана од масовноста на сегашните демонстрации, кои се чини ќе станат уште помасовни.

Бугарскиот блогер и новинар (вклучително и во Глобал Војсис) Руслан Трад (Ruslan Trad) на Фејсбук ги изрази [буг] своите согледувања за сегашните демонстранти:

Не мога да отрека едно много важно нещо за сегашните протести – профилът на недоволните е различен. Видях много мои любими хора, приятели, познати, някои от които никога не са протестирали. Представете си колко мотивация им дава правителството, за да излязат на улицата?

Не можам да одречам една важна работа во однос на протестите, профилот на огорчениот демонстрант е различен овојпат. Видов многумина од моите блиски, луѓе кои ги познавам, некои од нив никогаш не протестирале. Замислете колку тие се мотивирани поради владата за да излезат на улица?

Новинарката Лубослава Русева (Luboslava Russevа) го изјави [буг.] следното за настаните и за заднината на Пеевски,    обележана со серија скандали и контроверзии:

Да се коментира този чудовищен цинизъм изглежда трудна задача, така че ще пробвам да загрея с някои факти от възходящата кариера на „силната ръка“.

„Капитал“ припомня, че най-големият скандал, в който е замесено името му към онзи момент, е свързан с приватизацията на столичната зала „Универсиада“ и спортния комплекс „Тотошанс“ в Златни пясъци.

Историята е следната:
Майката на Пеевски – Ирена Кръстева, е шеф на Българския спортен тотализатор. Покрай нея, синът се сближава със спортния министър Васил Иванов-Лучано. Така имотите се оказват апортирани от държавната фирма „Олимпика“ ЕАД в смесено дружество, в което участва частна фирма, свързвана със самия Лучано.

Тешка задача е да се коментира овој монструозен цинизам, така што ќе се обидам да подгреам малку со неколку факти од прогресивната кариера на господинот „Силна Рака“.

Бугарскиот неделник Капитал нѐ потсетува на најголемиот скандал за кој е прикачено името на Пеевски, поврзан со приватизацијата на салата „Универзијата“ во Софија, како и на спортски комплекс лоциран на приморјето, близу Златни Песоци.

Приказната вели вака:
Мајката на Пеевски – Ирена Крастева е шеф на Бугарскиот спортски тотализатор [Бугарската национална лотарија]. Заедно со неа, Пеевски се зближи со тогашниот Министер за спорт, Васил Иванов – Лучано. Така имотите се одделени од државна компанија кон јавно – приватно партнерство, каде учествува приватна поврзана со Лучано.

Во изминативе години, корупциските скандали како претходно споменатиот случај опишан од Русева, станаа честа практика и општо познати помеѓу граѓаните на Бугарија. Помеѓу другите скандали од таков вид, Делијан Пеевски беше отпуштен во 2007 година од тогашната функција Заменик министер за управување со кризи, по серија на корупциски скандали. Како што Софија Ехо извести, Пеевски бил вратен на функцијата истражен судија во Софија, со одлука на Уставниот судски совет, на 14 ноември 2007. Со оглед на оваа заднина, назначувањето на Пеевски за шеф на Националната агенција за безбедност наиде на остри реакции онлајн.

A protester in Sofia carries a sign saying: "The lack of evolution in you leads to a revolution in us!" (Photo used with permission)

Демонстрант во Софија носи транспарент кој вели: „Недостигот на еволуција кај вас води до револуција кај нас!” Фотографија на Ивајло Ненов. Употребено со дозвола.

Светлана Георгиева, бугарски новинар, го оплакуваше назначувањето [буг.] во едиторијал за дневниот весник Сега:

Най-тежките ни кошмари се сбъднаха. България вече не е демократична парламентарна република. След избора на Делян Пеевски за председател на Държавната агенция “Национална сигурност” (ДАНС), след най-вонящата сделка на века, България е с олигархично държавно устройство.

Најстрашниот кошмар нѝ стана јаве. Бугарија не е повеќе демократска парламентарна република. По назначувањето на Делијан Пеевски за претседател на Националната агенција за безбедност, по најодвратната зделка на векот, Бугарија има олигархска структура.

Христо Комартниски, еден од најпознатите бугарски карикатуристи, напиша [буг.] на Фејсбук:

Добре де, като се замислих, каква новина е, че мафията си има държава?

Добро де, кога ќе си помислам и не е некоја вест дека мафијата си има своја држава.

Иван Бакалов, главен и одговорен уредник на E-vestnik.bg, алтернативен бугарски онлајн портал, коментираше [буг.] во едиторијал за владејачката класа:

Те напълно изпариха впечатлението, че има нещо експертно в този кабинет. Дори някои министри заради избора на Пеевски станаха смешни и търпят негативи, че участват в този кабинет.
Умряха надеждите, че България има що-годе разумно правителство, което ще спасява страната след управлението на ГЕРБ.

Тие [политичарите на власт] целосно го уништија впечатокот дека постои каква било експертиза во кабинетот. Дури и некои министри станаа смешни и трпат негативни коментари како дел од таа гарнитура поради назначувањето на Пеевски.
Умреа надежите за Бугарија да има релативно разумна влада, која би ја избавила земјата по заминувањето на ГЕРБ [претходната партија на власт].

Бакалов додаде:

Орешарски и БСП имаха звезден миг, който изпуснаха – можеха да се опънат на натиска на ДПС за Пеевски, с цената на отказ от правителство, нови избори наесен и т н. И щяха да оберат овациите и да получат подкрепа от избиратели извън своята периферия… Сега правителството е под въпрос. Не може да се предвиди кога ще има избори.

Премиерот Пламен Орешарски и Бугарската социјалистичка партија ги имаа своите пет минути и ги загубија, можеа да се спротивстават на притисокот од MRF за изборот на Пеевски, а исходот од тоа би бил повлекување на владата и нови избори наесен. Сега, опстанокот на владата е доведен до прашање. Не може да се предвиди кога ќе има избори.

Како што претходната влада падна и свика предвремени избори поради протестите, се чини дека истото ги очекува и социјалистите како дел од владејачкото мнозинство. Некои од нив, како Бакалов, се револтирани дека Социјалистичката партија попушта пред MRF, со која имаат формирано мнозинство, со цел задржување на владата во тој состав. Протестите и огромното незадоволство од владата на Бугарија продолжува.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.