Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Русите се гледаат себеси во турските немири

Додека Истанбул сѐ уште се тресе од масовните демонстрации [анг.] против премиерот Реџеп Таип Ердоган, РуНет (кованка од „Русија“ и „интернет“) активно ги следи и ги дискутира настаните. Турција е популарна летна дестинација за одмор помеѓу Русите, кои се привлечени од плажите, близината, ниските цени и договорот за безвизно патување помеѓу двете држави. Само лани, речиси 3 милиони Руси ја посетиле Турција. Иако мал дел од интересот помеѓу Русите за тековните настани во Турција би можел да се одреди на неповратните платени аранжмани за летувања, на Русија не ѝ се непознати уличните протести во текот на изминативе две години. Многумина Руси веднаш повлекоа паралела: помеѓу протестите, како и помеѓу двата политички лидери.

Од самиот почеток, симпатиите на Русите претендираа кон демонстрантите, феномен кој контроверзниот писател и лидер на опозициската групација Друга Русија (Other Russia), Едуард Лимонов (Eduard Limonov) го препиша на [руски] рускиот национален карактер:

Мы, российские граждане, всегда надеемся, что восставшие против своих правительств победят, всегда инстинктивно встаём на их сторону. Объясняется этот феномен крайне просто. Поскольку мы ненавидим своё правительство и всё руководство нашей страны, и хотим, чтобы оно оставило нас, как можно быстрее; мы солидаризируемся инстинктивно с любой борьбой против правительств.

Ние, руските граѓани, секогаш се надеваме дека оние кои се креваат против своите влади ќе победат, инстинктивно прибирајќи се на нивна страна. Овој феномен е всушност лесно објаснив. Како што ја мразиме нашата влада и сите оние кои се на власт во нашата земја и што побргу сакаме да си заминат, инстинктивно изразуваме солидарност кон која било друга борба против државата.

"Unrest in Istanbul", June 11, 2013, Photo by  Eser Karadağ CC2.0

„Немири во Истанбул“, 11 јуни 2013 година, фотографирано од Eser Karadağ CC2.0

Сепак, Лимонов се обиде да објасни дека кога се работи за Турција, сочувствувањето на Русите не е само рефлексно. Истакнувајќи ја централноста на екологијата кон предизвикувањето на протестите на плоштадот Таксим, Лимонов запиша: „Се чини дека Турците се многу слични на нас, како случајот со Чирикова и нејзината шума Кимки (Khimki Forest) [анг.]

Лимонов не е осамен со неговите тврдења, бидејќи многумина Руси се осврнаа на Твитер и Лајвџурнал (LiveJournal) за да ја изразат својата поддршка на демонстрантите. Аркадиј Бабченко (Arkady Babchenko), руски новинар кој блогираше за протестите во Истанбул од лице место, жестоко ja критикуваше [руски] реакцијата на Ердоган (подоцна, Бабченко беше уапсен, тепан [руски] и депортиран од Турција [анг.])

По поводу переговорщиков (вчера одиннадцать человек ездили к Эрдогану на переговоры, насколько я понял, ни о чем не договорились, но это не точно) – не то, чтобы разброд и шатание, но разговоры уже начались. Очень грамотный ход со стороны Эрдогана. Разделяй и властвуй. Умно. У Путина учится.

Што се однесува до преговарачите (вчера [12 јуни 2013 година], единаесетмина заминаа на преговори со Ердоган, но, колку што знам не е постигнат договор, сѐ уште нема дополнителни информации) – не се работи дотолку за конфузијата и немирот [кои преговарачите ги предизвикаа], но народот започна да шпекулира. Експертски потег од страна на Ердоган. Раздели па владеј. Ердоган учи од Путин.

Споредбите помеѓу Ердоган и Путин изобилуваа на Твитер. Real_Estate_Mos [руски] твитна:

Эрдоган – это такой турецкий Путин..

Ердоган е еден вид турски Путин

Осврнувајќи се кон рефренот, односно наклонетоста на двата лидера да се претставуваат себеси како јавни службеници, sergeiolevskii [руски] твитна:

Эрдоган: “я слуга народа”.
Путин: “я как раб на галерах”.
Чего же так сложно избавиться от этих слуг и рабов?

Ердоган – „Јас сум слуга на народот“
Путин- „Работам како роб во бродска кујна“
Зошто е толку тешко да се отарасиме од овие слуги и робови?

Русите наклонети кон Путин воздржано ја изразија својата поддршка кон Ердоган, под чие извршување на функцијата премиер, руско – турските односи се влошија, особено во однос на сириското прашање. И покрај тоа, Николај Стариков (Nikolai Starikov), тврдокорен поддржувач на Путин, писател и аналитичар на заговори изјави [руски] дека протестите се подготвени од страна на Американците, со цел создавање нереди во Турција, како и со цел присилување на владата да ги поддржи сириските бунтовници, нешто што владата, според Стариков, се обидувала да го избегне:

Не хочет – нужно заставить. И вот «турецкая весна» на улицах. Погромы, драки с полицией, попытки штурма офисов правящей партии. И все из-за планов сноса одного парка, как говорят нам СМИ? Полная чушь. Цель беспорядков – заставить Турцию активно вписаться в сирийский конфликт и помочь исламистам.

[Турција] не сака [да се вмешува], така што мора да се принуди. И ете: „Турската пролет“ пристигна на улиците. Насилни толпи, судири со полицијата, обиди за упад во канцелариите на владејачката партија. И сето тоа од план за рушење на еден парк, како што тврдат медиумите? Глупости. Целта на немирите е да се присили Турција кон сирискиот конфликт и да им помогне на исламистите.

Стариков порано постојано тврдеше дека Стејт Департментот стои зад руското опозициско движење, како активна мерка за слабеење на државата.

Твитер корисникот aliciamillor [руски] аргументираше во серија твитови series of tweets [руски] дека со тоа што Ердоган понудил референдум за паркот, тој бил подобар од некои западни политичари:

Браво! Эрдоган предложил провести референдум. Того же самого требовали фр-зы по поводу гей браков. Олланд отказал в груб форме,собаками и газом. Вывод – Эрдоган больше демократ чем Олланд.

Браво! Ердоган предложил одржување на референдум. Французите истото го бараа во однос на геј браковите. [Францускиот претседател] Оланд го грубо го одби предлогот, со кучиња и солзавец. Следствено, Ердоган е поголем демократ од Оланд.

Една група на говорници на рускиот јазик која се чинеше дека претежно го поддрува Ердоган се граѓаните на републиките од Централна Азија, повеќето од кои се етнички и лингвистички поврзани Турците од Анатолија. Еден корисник [узбекистански] во Узбекистан (чиј претседател на народните протести во 2005 одговори со масакрирање [анг.] на стотици луѓе) го поздрави Ердоган [руски] за неговата релативна воздржаност:

Эрдоган поступил правильно , предупредил , не отреагировали , и теперь выгнал всех нахрен !!! и вообще можно было без предупреждении

Ердоган постапи правилно, тој ги предупреди [демонстрантите], тие не реагираа и сега ги набрка оттаму!!! како и да е, не морал ниту да ги предупредува

Корисникот Eva_Alli [руски] од Киргистан, држава која исто така се соочува со нестабилна влада, ја величаше непоколебливоста на Ердоган.

Эрдоган красавчик. нам бы такого. знает, что делает, имеет свою точку зрения и ни перед кем не пасует. лев в мужском роде. одним словом.

Ердоган е супер батка. Би сакал да имавме некој како него. Знае што прави, има свое гледиште и ништо не му проаѓа незабележано. Со еден збор, еден вид лав.

Leonine Erdogan is anything but cowardly, according to some RuNet users. YouTube screenshot. June 18, 2013.

Лавестиот Ердоган не е кукавица, според некои Рунет корисници. Скриншот од Јутјуб, 18 јуни 2013 година.

Секоја од групите корисници на Рунет гледа на ситуацијата во Турција преку призмата на сопствените домашни прашања: членовите на опозицијата гледаат пример за посочување, додека поддржувачите на режимот гледаат на немирите како доказ за надворешното вмешување, како и за западното лицемерие. Од друга страна, се чини дека жителите на Централна Азија им завидуваат на своите роднини од Анатолија за поумерениот или поодлучниот лидер, во споредба со нивните лидери. Иако е очигледно дека социјалните медиуми го олеснија следењето на настаните одблизу и дискутирањето помеѓу корисниците дури и на илјадници километри оддалеченост од средиштето, од нивните грижи може да се претпостави дека за многумина, сета политика сѐ уште дејствува на локално ниво.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.