Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Казахстан: Застој во образованието

Проблемот со учебниците за основно училиште е сè уште многу важен. Карактеристика на овие книги се многубројните печатни грешки, грешки во однос на фактите и несоодветен јазик.

Неодамна, министерот за образование ја извести владеачката партија за неговата активност и рече дека министерството не е виновно за ова, затоа што наводно министерството работeло самостојно од издавачките куќи. Ова не е точно, забележува slavasay и напоменува дека истражувачкиот центар за учебници бил основан од страна на министерството. Тој исто така дава пример за работата на министерството:

На корицата на учебникот по руски јазик има две печатни грешки, една во насловот и една во името. Можете да замислите што има внатре.

Megakhuimyak ги споделува своите впечатоци по искуството како професор во едно новинарско училиште и во висока образовна установа:

Заклучок: Системот на образование ќе биде спасено од образовните институции кои нудат постдиплоски студии, при што се добива знаење во одредена област, а воедно таму предаваат иксусни професионални лица. Наскоро вработените ќе ги ценат овие дипломи повеќе од универзитетските дипломи.

Во меѓувреме, владата ја разгледува можноста за воведување задолжителни тестови за проверка на користење на дрога во училиштата. Мотив е добрата намера – грижа за здравјето на децата. Itsuken се сомнева и мисли дека во случај на позитивен резултат на тестот детето ќе страда од тенденциозното однесување во училиштата, а освен тоа, откако ова ќе се открие, детето ќе биде повеќе наклонето да комуницира со деца кои се попроблематични:

Покрај ова полицијата ќе има долготраен материјал кој ќе го уништува угледот на наивните тинејџери. А нашиот здравствен систем е многу несигурен, дури е и застрашувачки да се одведе дете да направи крвен тест. Би било многу подобро да се потрошат овие средства на организирање на слободното време на децата.

Објавено и на neweurasia.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.