- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Холандија: Две жени уапсени на Светското првенство за промовирање на погрешно пиво

Категории: Западна Европа, Јужна Африка, Холандија, Граѓански медиуми, Спорт

Две холанѓанки кои што работат за холандската пиво компанија Баварија [1] беа уапсени за време на Светското првенство бидејќи промовираа пиво од компанија која што не е официјален спонзор [2] на Светското првенство, во текот на натпреварот Холандија – Данска, во Јужна Африка, во понеделникот.

Девојките беа  дел од група од околу 30 модели кои носеа потрокалови фустани, т.н. “Холандски фустани” [3], кои беа исто така продавани како дел од палетата на Холандскиот пиво бренд (можете да погледнете повеќе фотографии на фликр страната [4] на Бавaрија).

Free the Babes Twitter Homepage [5]

Твитер профилот за поддршка на уапсените девојки

Сите девојки беа исфрлени од стадионот за време на мечот во понеделникот. Двете холанѓанки кои беа сметани за “лидери” на кампањата, беа уапсени во средата наутро, обвинети за трговски прекршоци.

Тие беа пуштени со кауција од 10,000 Рандови (околу 1000 евра) во среда попладне; нивниот случај ќе биде разгледан на 22 јуни. Според неколку извештаи, тие ризикуваа шест месечна затворска казна за кршење на законот кој ги забранува неовластените маркетинг активности во или во близина на стадионите на Светското првенство.

Холандскиот министер за надворешни работи, Максим Вераген, коментираше на случајот [6] на својот Твитер профил како одговор на прашањата поставени од страна на Холандските Твитер корисници:

NL ambassade heeft Z-A om opheldering gevraagd, celstraf vanwege het dragen van oranje jurkjes is onzinnig @willemboele [7]

Холандската амбасада побара објаснување од СА, затворската казна за носење на портокалеви фустани е апсурдна @willemboele [7]

Тој исто така сугерираше дека ФИФА треба да води борба во судот [8] [холандски]:

Als FIFA een probleem heeft met oranje jurkjes kunnen ze dat juridisch uitvechten met het bedrijf, arrestatie is buiten proportie @edwinv73 [9]

Ако ФИФА има проблеми со портокаловите фустани, може да водат битка со компанијата во судот, но апсењето на луѓе е надвор од пропорција  @edwinv73 [9]

Твитер корисник @edwinv73 одговори [10] [холандски]:

@MaximeVerhagen het is wel goed voor de economie. Bavaria gaat wel nu wereld veroveren. Succes met het vrij krijgen

@MaximeVerhagen од друга страна е добар за економијата. Баварија сега ќе го освои светот.
Ви посакуваме среќа во нивното ослободување

Некои Твитер корисници, како @SportKnowhowXL, ја исмеаа [11] целата ситуација [холандски]:

Op verzoek van hoofdsponsor Hyundai heeft de #fifa besloten dat de Japanse ster Keisuke Honda niet meer aan het #wk2010 mag meedoen #bavaria

По барање на главниот спонор Хјундаи #фифа одлучи дека на јапонската ѕвезда Кисуке Хонда повеќе не и е дозволено да учествува во #светското првенство 2010 #баварија

Специјален Твитер профил е отворен за да ги поддржи девојките и да известува за најновите вести кои се идднесуваат на нивниот случај: @freethebabes [5] [холандски].