- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран: Демонстрантите се судрија со силите на безбедност на годишнината од изборите

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Владеење, Граѓански медиуми, Политика, Протест, Слобода на говор, Човекови права

[1]Сведоци во Техеран изјавија [2] дека протестите избиле во саботата помеѓу иранските сили на безбедност и демонстрантите кои биле собрани на клучните места за да ја одбележат првата годишнина од оспорените претседателски избори. И покрај барањето на водечки лица од опозицијата да  ги прекинат [3] демонстрациите – Иранците сепак протестираа на неколку места вклучувајќи ги универзитетите, со цел уште еднаш да му се спротивстават на режимот на Исламската Република.

Во Ferdowsi Sqaure во центарот на Техеран беше зголемено присуство на силите на безбедност:

Behdabra пишува [4] на Friendfeed дека демонстрантите се судриле со силите на безбедност во улицата Vali Asr во Техеран и дека палеле контејнери.

Противречности околу бројот на демонстрантите

Додека Иранскиот Зелен Глас пренесе [5] дека 1000 студенти од универзитетот во Техеран се судриле со силите на безбедност, еден читател остави коментар : „Зошто лажеме, стануваме како нив [Исламската влада]. Бев таму и имаше 50-тина луѓе.”

Во меѓувреме United4Iran, непристрасна глобална мрежа на ирански и неирански поединци и активисти за човекови права, организираше [6] демонстрации во 70 градови низ светот.

Протест на универзитетот Шариф во Техеран

Демонстрантите скандираа Allaho Akbar (Бог е голем).