Мексико: За десет дена, два погранични смртни случаи

Граѓаните на Мексико се шокирани од ненадејните смртни случаи на двајца Мексиканци како резултат на два различни судира со граничната патрола на Соединетите Држави. Овие инциденти се случија во период од помалку од еден месец:  бруталниот напад врз Анастасио Хернандес [шпански], мексикански работник кој повеќе од 20 години живее во Калифорнија, на меѓународниот премин San Ysidro-Tijuana и застрелувањето на 15 годишниот Серхио Адриан Хернандес на границата El Paso-Ciudad Juárez [шпански]. Сличноста помеѓу двата смртни случаи дава нова основа за граѓанските медиуми да можат да ги проценат активностите на мексиканската влада кон Соединетите Држави, во однос на миграцијата и надворешната политика.

Весникот La Jornada соопшти [шпански] дека Анастасио Хернандес на 28 мај бил претепан од страна на граничната патрола на граничниот премин San Ysido-Tijuana, откако бил уапсен поради тоа што не поседувал документи за миграција. Тој бил мексикански работник, кој повеќе од 20 години живеел во Калифорнија, каде што постанал и татко. La Jornada исто така вели [шпански] дека околу 20 офицери  од граничната патрола употребиле физичка сила и електричен пиштол врз работникот, што предизивикало мозочна смрт; а наредниот ден Анастасио умрел.

Бруталниот напад врз Анастасио Хернандес бил сниман со мобилен телефон од еден студент од Калифорнија кој во тој момент се нашол на границата. Видеото може да се види  на YouTube. Студентот, сведок кој според CNN Мексико ќе сведочи за случајот на Анастасио, им кажал на весниците дека Анастасио за целото тоа време бил со лисици на рацете и во ниеден момент не им се спротивставил на офицерите од патролата.

Border US-Mexico. Photo by PhillipC. Used following a Creative commons license. Taken from http://www.flickr.com/photos/flissphil/5883071/

Границата САД-Мексико. Фотографија од PhillipC, корисник на Flickr. Употребена под лиценца од Криејтив комонс.

Случајот на Серхио Адриан Хернандес во повеќе наврати наликува на оној од Анастасио, со таа разлика што во моментот кога бил убиен тој се наоѓал на мексиканската територија. CNN Мексико соопшти дека [шпански] на 7 јуни, Серхио и уште три други лица фрлале камења кон офицерите на граничната патрола откако биле забележани како се врткаат околу границата. Во препирката, полицијата го застрелала Серхио во главата, потег кој таа го опишува како „самоодбрана“.

Извадок од едни вести покажува видео каде може да се види како Серхио и другите се обидуваат да ја преминат границата и како на тоа возвраќа граничната патрола.

И двата смртни случаи ја отсликуваат напнатоста која постои помеѓу Мексико и Соединетите Држави по контроверзниот закон за имиграција  S.B. 1070, одобрен при крајот на април од Аризона во Соединетите Држави. Законот наведува дека доколку постои оправдан сомнеж дека некоја личност нелегално престојува во Соединетите Држави, тогаш одговорните за спроведување на законот треба да преземат „разумен чекор“ за да го одредат имиграционот статус на таа личност. По големата критика дека овој закон може да доведе до раснa поделба, законот претпре измени во текстот така што при спроведувањето на овој закон расното и националното потекло нема да се земат како релевантен фактор.

Размислувајќи за овие два судира помеѓу мексиканските граѓани и претставниците на граничната патрола, блогерот Франц од El Arcangelino смета дека ваквата врска помеѓу државите претставува многу деликатно прашањеr:

El hecho de que los americanos estén respondiendo de esta manera nos habla de que se está radicalizando la protección fronteriza de los vecinos hasta las consecuencias más severas.

Фактот дека Американците одговорија на овој начин ни укажува на радикалната заштита на границата кај нашиот сосед до најсериозни последици.

Иако мексиканската влада ги осуди постапките кои придонесоа за смртта на Анастасио и Серхио [шпански] и побара исцрпна истрага на настаните, сепак граѓаните признаваат дека реакцијата од страна на мексиканските службеници кон имиграционото прашање е се уште потчинета и слаба, како што блогерот TRC критикуваше [шпански] на неговиот блог:

A la luz de estos indignantes acontecimientos no nos queda más que preguntarnos ¿hasta cuándo mantendrá la SRE [Secretaría de Relaciones Exteriores] una política exterior condescendiente (por no decir agachona)? ¿Cuándo se tomará una represalia pacífica pero contundente contra los EUA por los actos de racismo y discriminación que viven día a día los mexicanos de los más bajos estratos sociales que radican en la frontera norte? ¿Cuándo entenderá Patricia Espinosa [Secretaria de Relaciones Exteriores] que un “tibio” comunicado no es una reacción suficiente ante la sistemática y reiterada violación de derechos fundamentales contra mexicanos por parte del país vecino?

Земајќи ги предвид овие срамни настани не ни останува ништо друго освен да се запрашаме до кога СНО (Секретарот за надворешни работи) ќе води ваква попустлива надворешна политика (да не речам покорна)? Кога ќе извршиме убедлива, но мирољубива одмазда врз САД за нивните постапки на расизам и дискриминација, кои секојдневно ги доживуваат Мексиканците од најниските општествени сфери кои живеат покрај северната граница? Кога ќе сфати Патриција Еспиноза (Секретар за надворешни работи) дека „благато“ изјава за медиумите не е доволна реакција против систематското и повторливото прекршување на фундаменталните права на Мексиканците од страна на нивната соседна земја?

Од друга страна, блогерот Даниел Муњоз верува дека она што му се случи на Серхио, кој беше убиен на мексиканска територија, создава една сосема нова ситуација [шпански] во контекст на надворешната политика на Мексико кон Соединетите Држави:

Creo que el gobierno mexicano debe hacer a niveles internacionales, lo que comúnmente conocemos como un “señor pancho”, si la violación a nuestra frontera y peor aún, el asesinato de un civil en suelo mexicano, no es motivo para levantar la voz, entonces resignémonos a ser el eterno patio trasero norteamericano, aquel concepto que Aguilar Zinser inventó acertadamente siendo embajador de la ONU.

Мислам дека мексиканската влада треба да “крене прашина“ за овој настан и на меѓународно ниво, ако непочитувањето на нашата граница и уште полошо, убиството на граѓанин на мексиканска територија не е доволна причина да го кренеме нашиот глас, тогаш ајде да прифатиме да бидеме вечна сенка на Соединетите Држави, концепт кој беше толку добро осмислен од Агилар Зинсер кога беше амбасадор за ОН.

За блогерот Роберто од La borla del Hombligo, смртта на Серхио е потсетник [шпански] за сите млади луѓе кои се жртви на куршумите од трговците со дрога во нивната држава и од нивните соседи, граничната патрола:

No, Sergio no murió cruzando la frontera, Sergio murió en su país y ahora su país tendrá que ver por él.

Не, Серхио не умре преминувајќи ја границата, Серхио умре во неговата држава и сега таа треба да се погрижи за него.

На крај, земајќи ја предвид наклонетоста на Мексиканците кон користење на пародија и хумор дури и во најтешките моменти, корисникот на Twitter Мигуел Бургос (@burdolab) се приклучи на протестот со слоганот #MurderPatrol, мислејќи на смртта на Серхио каде прави пародија на една библиска реченица [шпански]:

El que esté libre de #murderpatrol que arroje la primera piedra

Оној кој нема ниеден #murderpatrol нека го фрли првиот камен

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.