- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Мароко: Веб-сајтови и весници

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Мароко, Медиуми и новинарство, Технологија

Како што целиот свет станува дигитален, многу весници се соочуваат со предизвикот да ги направат своите страници достапни онлајн. Арапскиот свет не се разликува. Мароканскиот блогер М С Хиоуј [1] [Ar] во овој пост се жали за стандардните на веб-сајтот на популарен весник.

Тој вели:

Доколку јас ја дискутирав интернет сцената во Мароко, никогаш немаше да се слушне крајот. Ја знаете мојата фасцинација за фокусирање на полупразна чаша. Овој пат ќе сумирам во еден параграф:

Со часови се обидувам да пристапам на веб-сајтот на весникот Ал Маса. Весникот моментално се смета за најпопуларен во Мароко. Немав среќа. Страницата изгледаше како ѓубриште. Можеме да го прифатиме фактот дека сајтовите на други весници, чии новинари дури не ги читаат, да бидат лоши и недостапни – но е неприфатливо весник со најголем тираж да има технички проблеми. На крајот, весникот најавува дека бројот на луѓе кои ја посетуваат страницата ги срушил претходните рекорди. Нормално дека бројот на посетители ќе направи нови рекорди кога читателите мора да ги освежуваат своите страници 100 пати за да може да прочитаат половина од написот.