Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Мароко: Веб-сајтови и весници

Како што целиот свет станува дигитален, многу весници се соочуваат со предизвикот да ги направат своите страници достапни онлајн. Арапскиот свет не се разликува. Мароканскиот блогер М С Хиоуј [Ar] во овој пост се жали за стандардните на веб-сајтот на популарен весник.

Тој вели:

Доколку јас ја дискутирав интернет сцената во Мароко, никогаш немаше да се слушне крајот. Ја знаете мојата фасцинација за фокусирање на полупразна чаша. Овој пат ќе сумирам во еден параграф:

Со часови се обидувам да пристапам на веб-сајтот на весникот Ал Маса. Весникот моментално се смета за најпопуларен во Мароко. Немав среќа. Страницата изгледаше како ѓубриште. Можеме да го прифатиме фактот дека сајтовите на други весници, чии новинари дури не ги читаат, да бидат лоши и недостапни – но е неприфатливо весник со најголем тираж да има технички проблеми. На крајот, весникот најавува дека бројот на луѓе кои ја посетуваат страницата ги срушил претходните рекорди. Нормално дека бројот на посетители ќе направи нови рекорди кога читателите мора да ги освежуваат своите страници 100 пати за да може да прочитаат половина од написот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.