Ирак: Кој ќе биде следниот Премиер?
Иако парламентарните избори во Ирак се одржаа на 7 март, сепак двата главни политички блока според резултатите од изборите, сè уште не можат да се согласат за еден кандидат кој ќе биде именуван за нов премиер. Сегашниот премиер, Нури ал Малики, тврди дека имало измами во изборниот процес. Сепак, изборната комисија конечно ги ратификуваше резултатите и потврди дека тврдењата на Ал Малики не се точни.
„Повеќе од два месеца по парламентарните избори во Ирак, изборната комисија изјави дека заврши со делумното пребројување и не беа пронајдени случаи на измама”, забележува Ираки Мојо.
Ираки Пундит пишува за официјалните конечни резултати кои ја потврдуваат победата на партијата Иракиа на Ијад Алави. Тој, исто така, нагласи дека така важни вести беа засенети од други инциденти, како што се „Кој раководи со контролните точки од Зелената зона” и „израелскиот напад врз бродот со помош за Газа”:
Ирачкиот Врховен суд ги ратификуваше резултатите од изборите на 7 март, официјално одлучувајќи дека партијата Иракиа на Ијад Алави победи на гласањето. Соопштението помина скоро незабележливо. Овде фокусот е на контролните точки од Зелената зона, кои од денес се под ирачка контрола. Но секако дека луѓето сè уште зборуваат за израелскиот напад врз бродот со помош за Газа.
Ираки Пундит продолжува да се прашува во друг пост, ако таквата најава значи дека иранските најголеми блокови ќе се согласат за еден кандидат или ќе ги продолжат своите преговори уште два месеца:
Политичарите велат дека тие ќе се средат за неколку дена. И претходно го имаме слушнато ова, но се надеваме дека овој пат стварно го мислат. Нури ал Маликисе уште вели дека нема да се повлече од премиерската фотелја. Тој изгледа патетично, бидејќи Врховниот суд ги потврди изборните резултати од 7 март и го прогласи Ијад Алави како претставник со најмногу места во парламентот.
Тој, исто така се прашува за очекуваните коалиции и договори кои можат да се направат помеѓу различни политички партии од ирачките политички игри:
Малики рече дека формирал коалиција со ИНА (Ирачки национален сојуз), но тој и шиитската коалиција сè уште треба да се согласат за номиниран кандидат за премиер. А се разбира тоа е така бидејќи Малики вели дека тој е единствениот кандидат. Алави беше зафатен состанувајќи се со Курди, Систани, па дури и Садр ганг. Хајдер ал Мулах, член на листата на Алави, денес вели дека тие можат да го номинираат Адел Абдул Махди за премиер. Доколку е тоа вистинито, значи дека Алави повеќе не го поддржува Малики. Но се разбира ова е Ирак и се може да се случи.
Блогот за анализа на Ирак и заливот се одлучи да оди со сценариото „што доколку” и предвидува што може да се случи ако двата големи блока не се согласат за еден кандидат. Тие започнаа со изјава од Баха ал Араји, садристички политичар, во врска со овој застој:
Особено се интересни изјавите од Баха ал Араји, садристикиот политичар. Неодамна, тој изјави пред медиумите дека во случај на водство на две шиитски блока, Ирачкиот национален сојуз (ИНА) и Правната држава (политичка партија), да не успеат да се согласат за еден кандидат, ќе има тајно гласање за повеќе кандидати во парламентот! Ова всушност претставува чиста фантазија од страна на Араји. Или тој можеби ги меша постапките за избор на претседател, кои се слични со тоа што тој го објаснил (освен тоа што нема услови за тајност). Доколку ИНА и Правната држава немаат еден кандидат, тогаш според дефиниција тие не се во можност да достават „кандидатот на најголемиот блок” наречен според уставот (во еднина!) и без разлика како се толкува концептот на „најголем блог”, Иракиа ќе биде задолжена за правење на влада, бидејќи тие имаат барем кандидат.
Потоа се префрлија кон друг предлог од Изат Шабандар од Правната држава:
Изат Шабандар од Правната држава (дезертер од Иракиа), исто така, предложи дека доколку ИНА и Правната држава не можат да се согласат за еден кандидат, другите блокови ќе се вмешаат во одлучувањето кој треба да биде премиер, наводно во „согласност” со најновата одлука од федералниот Врховен суд за тој проблем! (Во реалноста, не кажува ништо за ова). Но повторно, ова би го прекршило уставот, што јасно одредува постапка во која работата ќе биде договорена помеѓу претседателот и еден посебен кандидат предложен од најголемиот блок.
Додека Блогот за анализа на Ирак и заливот продолжи да ги анализира различните можности, новинарот од Инсајд Ирак одлучи да излезе на улиците и да го види мислењето на луѓето во однос на изборите:
Од последните парламентарни избори во март, Ирачаните чекаат за најава за формирање на нова влада. По три месеци чекање, се обидов да го дознам мислењето на моите луѓе во врска со најзначајното прашање за Ирачаните. Зборував со повеќе од дваесетина луѓе во повеќе од осум провинции. Сите ги кажуваат истите работи. Ги избрав мислењата на само на четири лица. Од безбедносни причини, ќе ги наведам само имињата на луѓето кои ги цитирам.
Всушност, верувам дека од четирите цитирани лица, Хусеин, кој работи како таксист во Ел Басра провинцијата можам да ги сумирам мислењата на повеќето Ирачани:
„Ирак никогаш нема да се подобри и нашите животи никогаш нема да се подобрат, бидејќи нашите политичари се грижат само за своите интереси. Направивме голема грешка кога учествувавме на последните избори. Нашите политичари нема да направат влади и во следниве два месеца, бидејќи сè уште преговараат за делот на секоја партија, како Ирак да е нивно наследство. Сигурен сум дека следната влада нема да успее и ќе ни ги каже истите извинувања како на последната. Воопшто не постои надеж,” Хусеин.
За крај, додека политичарите продолжуваат да се борат во единаесеттата недела, Багдад е именуван како најлошо место за живеење во светот. Ираки Пундит коментираше за вестите во нов пост на неговиот блог именуван, Без чест, огромен срам. Тој пишува:
Додека политичарите ја продолжуваат битката во единаесеттата недела, австрискиот главен град, Виена, е именуван за најдобро место за живеење во светот, а додека пак Багдад за најлошо. Овдешните локални вести известуваат дека Багдад не е рангиран на дното поради безбедносни причини, туку поради тоа што има отсуство на електрична струја и чиста вода за пиење. Политичките партии навистина немаат никаков срам.
Категории

Започни ја конверзацијата
Категории
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!