Хондурас: Почеток од крајот на кризата?

Потпишувањето на  „Дијалог-спогодбата Guaymuras од страна на Сан Хосе/Тегусигалпа” ги отвори вратите за решавање на кризата, која започна на 28 јуни 2009 со истерувањето на претседателот Мануел Зелаја. Тимовите кои ги претставуваа Земала и времениот претседател Роверто Мичелети ја потпишаа спогодбата на 29 октомври, со подршка од САД, а особено со подршката на под-секретарот за хемисферични прашања, Томас Шанон.

Точката за која најмногу се дебатираше и која предизвика неуспех за претходните обиди за дијалог беше дали Зелаја да се врати на власт. Оваа спогодба повикува поделба на власта на владата, а истотака и признавање на резултатите на претседателските избори од  двете страни кои ќе се одржат на 29 ноември.  Сега, потпишаниот договор е во рацете на Националниот конгрес од кој треба и да биде одобрен, а тоа е истиот орган кој гласаше за отстранување на Зелаја пред повеќе од 120 дена.

Photo by NewsHour and used under a Creative Commons license

Слика од NewsHour

Меѓународната заедница го пофали потпишаниот договорот.  Американската организација ги подржува ноемвриските општи избори, а Европската унија и  Америка, истотака, неодамна продолжија со издавањето визи за земјата што беше мерка за притисок на Владата на Мичелети.

Во Хондурас, владее мешавина од надеж и несигурност. Од една страна, постои надеж дека политичката, економска и социјална криза со која земјата се соочува од јуни, ќе заврши што е можно поскоро, барем во моменталните околности. Од друга страна пак, постои несигурност во фактот дека враќањето на Зелаја е сеуште во рацете на Националниот конгрес. Еве неколку реакции пронајдени на некои хондурски блогови:

На блогот Nacer en Honduras [шпански], Ардегас пишува „Дали Зелаја ќе биде повторно поставен на функција? Тоа не се знае,” каде истовремено разгледува некои од можните пречки пред Зелаја да се врати на власт. На пример, тој смета дека неговото враќање на власт нема да биде ефикасно доколку Врховниот суд не ги одложи нерешените налози за апсење на Зелаја.

Хуан Карлос Ривера смета:

La crisis aún no ha terminado, el acuerdo es, a penas, la puerta hacia la resolución del conflicto. La inestabilidad, la convulsión social, continuará si no retorna Manuel Zelaya Rosales al poder. Esto no lo digo yo. Lo grita la gente que está en la calle. La mayoría de hondureños exige la reintegración del presidente que eligieron en noviembre de 2005.

Кризата сеуште не е завршена, а само договорот е единственото решение за конфликтот. Нестабилноста и социјалниот пресврт ќе продолжат доколку Мануел Зелаја Росалес не се врати на власт. Тоа не го велам јас. Тоа е она што го извикуваат луѓето на улиците. Мнозинството на Хондурскиот народ бара враќање на претседателот кој тие го избраа во ноември 2005 година.

На блогот Hibueras [шпански], Густаво Зелаја бара потпишување на спогодбата „Делумна прослава?“ и го искажува своето мислење за мешањето на Америка во националните прашања.

Esto era lo fundamental para muchos, en especial para los gringos encabezados por Shannon y para el resto de los candidatos presidenciales. Y aquí es donde se nota con toda claridad quiénes son los que mandan, ordenan, imponen y deciden en los asuntos nacionales. Ya no sólo les debemos la clasificación al mundial.

Ова беше клучно прашање за многумина, особено за Американците предводени од Шанин и за остатокот кандидати за претседател. Овде јасно се знае кој е на фунцкија, која дава наредби, кој ги спроведува и кој одлучува за националните прашања Сега, на Америка не и го должиме само пласманот на Светското првенство.

Најпосле, на блогот Honduras en el Mundo [шпански] пишува “Конгресот не чека нас:”

Hay que estar vigilantes, y espectantes, la restitución está cerca, pero no hay que confiarse, esperamos que los diputados del Congreso sean consecuentes con el país, que reparen el delito que cometieron, y solucionen este problema, para que de una buena vez sea revertido este golpe de Estado.

Мора да бидеме спремни и претпазливи бидејќи враќањето на претседателот се ближи, но не треба да бидеме и претерано самоуверени. Затоа да се надеваме дека членовите на Конгресот се во согласност со граѓаните на земјата, дека ќе го надоместат криминалот што тие го извршија во земјата и дека ќе го решат овој проблем така што еднаш и засекогаш ќе се реши овој државен удар.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.