- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Адвокатот на затворената карикатуристка Атена Фаргдани уапсен затоа што се ракувал со неа

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Граѓански медиуми, Жени и род, Човекови права

Мохамад Могими, адвокатот на иранската активистка и карикатурискта Атена Фаргдани бил уапсен на 10 јуни откако ја посетил својата клиентка во затвор. Обвинението се темели на фактот дека се ракувал со Фаргдани. Таа неодамна била осудена [1] на 12,5 години робија за објавување цртежи и други содржини со кои ја критикувала владата на Фејсбук.

Според Новинската агенција за активисти за човекови права [2], Могими ја преместиле во одделот 10 на затворот Раџаи Шахр во Караџ. Кауцијата за неа е 20 милиони томани, или од прилика 7000 долари. Можно е и Фаргани исто така да добие слично обвинение.

Иранскиот адвокат Мохамад Могими е уапсен заради тешкиот злостор на ракување со неговата клиентка Атена Фаргадани“

Карикатура од Мана Најестани: и Атена и нејзиниот адвокат обајцата во затвор…

На социјалните медиуми, кампањата за ослободување на Фаргдани може да се следи преку хаштагот „Ослободете ја Атена“ #freeAtena [12].