Јордан: Нова надеж за животот на Двен

Арапските блогери со нетрпение го чекаа известувањето за иднината на популарниот арапски блог-агрегатор Двен. По кратка неизвесност, се даде зелено светло и работењето на сајтот се одвива нормално. Сајтот ги спојува арапските блогери, кои пишуваат постови на англиски и арапски, под еден покрив.

Јорданскиот блогер Тарик Абу Заид, кој го одржува сајтот, вчера најави дека тоа е последниот ден на сајтот. Тој напиша [Ar]:

Двен ќе биде затворен од 15 јуни 2008 поради нашата неспособност да продолжиме да работиме на сајтот поради недостаток на финансиски средства. Ги повикуваме сите оние што ги користат нашите беџови или имаат линкови до нас, да ги избришат бидејќи тие нема да бидат достапни после овој датум. Им благодарам на сите оние кои го поддржуваа Двен.

Хала, исто така од Јордан, беше една од многуте блогери кои го искажаа своето зачудување.  Таа напиша:

Двен беше првиот сајт кој го посетив денес, не за да ги видам последните новости на блоговите на кое сум навикната, тука да видам дали има нови информации за затворањето на сајтот. Ова е работа која ме вознемири, бидејќи Двен отсекогаш бил главниот извор за многу блогери и главниот директориум за оние кои ги следат блогерите и постовите кои ги пишуваат од разни држави.

Стресната ситуација беше прекината со едноставна најава на блогот на Двен [Ar]:

Двен продолжи со работа. Следете ги најновите настани тука.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.