- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Кина: Проклетство на олимписката маскота?

Категории: Источна Азија, Кина, Животна средина, Катастрофи, Олимписки игри

Лого на олимиските игри на Глобал ВојсисДоколку се прашувавте дали олимписките маскоти Фуви [1] се премногу слатки [2] за да бидат вистински, по се изгледа не сте единствените.

За Кина, суеверието [3] за овој ефект, кое го наоѓа патот [4] низ различни мрежи по земјотресот со Сечуан, изгледа доволно точно [5] со оглед на бројот на трагични настани кои и се случија на Кина оваа година. Спомнувањата на проклетството на Фувите [6] [zh] постојано се бришат [7] и од лево [8] и од десно [9] и [10] од Баиду [11], а дури постојат и различни верзии [12], па значи проклетството мора навистина да постои и неколкуте негации на тврдењето [13] [zh] кои постојат не се доволно моќни за да го запрат.

Соху блогерот Елвиа Ву [14] го сумира во пост кој веќе е избришан:

Кина, 2008 беше проблематична година за тебе!

Од почетокот на годината до сега, беше катастрофа до катастрофа за Кина. Несреќата со воз во Шандонг, немирите во Тибет, грабањето на олимпискиот факел, а сега имаше и земјотрес во Ченгду, со илјадници мртви!

Од неодамна оваа кратка порака се шири онлајн и преку СМС:

Една Фува има јастреб на главата, кој го претставува Вејфанг [15], и потоа се случи нешто [16] во Шандонг [17];
Една Фува е тибетска антилопа [18] и потоа се случи нешто [19] во Тибет;
Една Фува е факел и потоа нешто се случи [20] со олимпискиот факел;
Една Фува е панда и потоа се случи нешто [21] во Сечуан;
Сега остануваат уште рибите…

Со состојбата во која се наоѓа Кина сега, луѓето се многу загрижени и ова е многу разбирливо!

Но ние не треба да ги поврзуваме овие катастрофи со олимписките игри. Покрај се, олимпијадата е гордост на Кина, гордост на кинескиот народ, и почитта која ја заслуживме после напорната работа. Дизајнот на олимписките Фиви беше важен чекор, тоа е првпат јавноста да види серија од пет фигури.

Постојат некои сличности помеѓу симболите на олимписките Фуви и овие катастрофи, но решителноста да се спојат овие две работи е само суеверие.

Потоа имаше и други докази, како што 25 јануари (01/25) е ден кога се случија најобилните снегови во 50 години [22], парализирајќи голем дел од транспортот на земјата и електричната мрежа, а 1+2+5 даваат 8; Тибетските немири започнаа на 14 март, па 3+1+4; Несреќата со воз во Шандонг се случи на 28 април (4*2=8), земјотресот во Сечуан на 12 мај. И како за крај, 8пм на 8 август = 888, знакот на Фува.

Од неодамна, наводното проклетство го вовлече Бејбеј [23] во сево ова, со поројните дождови низ големи делови од земјата кои започнаа на 26 мај (2+6), креирајќи рекорд во Хонгконг, потопување на колите [24] во Пекинг, и предизвикувајќи надоаѓање на реките во Јиангхи [25], раселување на илјадници [26] во Гуангси, кое како што пишува [27] блогерот Грифин Ли, доаѓа во време кога земјата сѐ уште заздравува од земјотресот од минатиот месец:

Фотографија од поплавите во Кина [27]

Проблемите од земјотресот сѐ уште не се решени, а сега има поплави насекаде низ јужна Кина,
ова е трагична сцена, замислете вие да сте една од жртвите или вашата фамилија или роднини да се таму.