Кина: Проклетство на олимписката маскота?

Лого на олимиските игри на Глобал ВојсисДоколку се прашувавте дали олимписките маскоти Фуви се премногу слатки за да бидат вистински, по се изгледа не сте единствените.

За Кина, суеверието за овој ефект, кое го наоѓа патот низ различни мрежи по земјотресот со Сечуан, изгледа доволно точно со оглед на бројот на трагични настани кои и се случија на Кина оваа година. Спомнувањата на проклетството на Фувите [zh] постојано се бришат и од лево и од десно и од Баиду, а дури постојат и различни верзии, па значи проклетството мора навистина да постои и неколкуте негации на тврдењето [zh] кои постојат не се доволно моќни за да го запрат.

Соху блогерот Елвиа Ву го сумира во пост кој веќе е избришан:

Кина, 2008 беше проблематична година за тебе!

Од почетокот на годината до сега, беше катастрофа до катастрофа за Кина. Несреќата со воз во Шандонг, немирите во Тибет, грабањето на олимпискиот факел, а сега имаше и земјотрес во Ченгду, со илјадници мртви!

Од неодамна оваа кратка порака се шири онлајн и преку СМС:

Една Фува има јастреб на главата, кој го претставува Вејфанг, и потоа се случи нешто во Шандонг;
Една Фува е тибетска антилопа и потоа се случи нешто во Тибет;
Една Фува е факел и потоа нешто се случи со олимпискиот факел;
Една Фува е панда и потоа се случи нешто во Сечуан;
Сега остануваат уште рибите…

Со состојбата во која се наоѓа Кина сега, луѓето се многу загрижени и ова е многу разбирливо!

Но ние не треба да ги поврзуваме овие катастрофи со олимписките игри. Покрај се, олимпијадата е гордост на Кина, гордост на кинескиот народ, и почитта која ја заслуживме после напорната работа. Дизајнот на олимписките Фиви беше важен чекор, тоа е првпат јавноста да види серија од пет фигури.

Постојат некои сличности помеѓу симболите на олимписките Фуви и овие катастрофи, но решителноста да се спојат овие две работи е само суеверие.

Потоа имаше и други докази, како што 25 јануари (01/25) е ден кога се случија најобилните снегови во 50 години, парализирајќи голем дел од транспортот на земјата и електричната мрежа, а 1+2+5 даваат 8; Тибетските немири започнаа на 14 март, па 3+1+4; Несреќата со воз во Шандонг се случи на 28 април (4*2=8), земјотресот во Сечуан на 12 мај. И како за крај, 8пм на 8 август = 888, знакот на Фува.

Од неодамна, наводното проклетство го вовлече Бејбеј во сево ова, со поројните дождови низ големи делови од земјата кои започнаа на 26 мај (2+6), креирајќи рекорд во Хонгконг, потопување на колите во Пекинг, и предизвикувајќи надоаѓање на реките во Јиангхи, раселување на илјадници во Гуангси, кое како што пишува блогерот Грифин Ли, доаѓа во време кога земјата сѐ уште заздравува од земјотресот од минатиот месец:

Фотографија од поплавите во Кина

Проблемите од земјотресот сѐ уште не се решени, а сега има поплави насекаде низ јужна Кина,
ова е трагична сцена, замислете вие да сте една од жртвите или вашата фамилија или роднини да се таму.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.