- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Ирак: Црна – боја на жалост

Категории: Популарен напис, Среден Исток и Западна Африка, Ирак, Војни и конфликти, Жени и род, Идеи, Староседелци

Жените од Ирак сега веќе се навикнати да носат црно – бојата на жалост и тага, забележува Инсајд Ирак [1]. Но помеѓу темнината и тагата, некои жени признаваат дека носат кафено, зелено, па дури и розово!

Според Кореспондинг Џенан:

Црната е омилена боја за облеката на жените од Ирак – не бидејќи ја сакаат, туку бидејќи се навикнати да ја носат. Во неколку декади жените од Ирак претрпуваат војни, во кои изгубија свои блиски. Тоа е причината која ги натера да носат црно за да ја покажат својата голема тага.

Тоа е обичај, наведуваат во бизнисите на текстилните трговци. Џенан потенцира:

Дури и трговците во Ирак импортираат повеќе црна облека отколку другите бои за да ги задоволат барањата на пазарот.

Кој друг стандард го следат жените од Ирак за да ја изберат бојата на нивната облека? прашува Џенан и потоа одговара:

Најчесто користена, како што објаснив претходно, е црната. Покрај жалењето, црната се користи и за нашиот традиционален костим , наречен аба (фустан, наметка).

Блогерот го поврзува своето лично искуство со нејзината мајка, која носела црно од глава до пети цели 28 години. Таа пишува:

Уште од 1980 па до денес ја гледам мојата мајка како носи црна облека од глава до пети. Таа првпат започна да носи црно по смртта на мојот татко пред 28 години и ја нема сменето дури ниеднаш, дури и ако се случи некоја убава работа во фамилијата. Мојата мајка е како милионите жени од Ирак кои ги имаат изгубено своите сопрузи, браќа, синови или други сакани.

Еднаш ја побарав од мајка ми да стави барем бела шамија на својата глава наместо црна . Таа одговори: „Срамота е да се носи шарена облека ако имаш изгубено сакан.“ Мојата мајка беше убедена дека жена која го има изгубено својот сакан не смее да носи ниедна друга боја освен црна.

Што со Џенан? Што таа сака? Таа признава:

Што се однесува до мене, јас сакам да носам различни бои. Особено ја сакам кафеавата и зелената – па дури некогаш и розова! Не мора да биде специјална пригода за да носам розово, ја носам кога имам желба за тоа. Покрај абас, ние носиме фереџе, а тие треба да бидат координирани со бојата на другите алишта што ги носиме.