- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран: Уште граѓански видеа од протестите

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Дигитален активизам, Избори, Политика, Протест

Повеќе од 100,000 луѓе маршираа во Техран во понеделникот во знак на поддршка на реформистичкиот претседателски кандидат, Мир Хусеин Мусави [1]и неговите барања за поништување на резултатите од изборите кои го прогласија за извршител на должноста претседател Махмуд Амадинеџад [2]како победник на изборите на 12ти јуни. Маршот заврши со крвопролевање. Најмалку 7 луѓе ги загубија [3]животите.

Според извештајот на британската телевизија Канал 4, Channel 4 television [4], (емитувана и покрај објавената забрана од странство) народот фрлал камења и ја запалил зградата која припаѓала на милицијата Басиџ [5] на привремената влада. Еден полицаец со шлем на кровот пукал со својата AK-47 пушка во воздух пред да се повлече од нападите со камења. На Јутјуб има уште граѓански видео снимки од тоа како се случил овој напад:

Утрото по ова пукање, персоналот на болницата Rasool Akram во Техран демонстрираше против убивањата. Еден демонстратор држи плакат на кој пишува: „8 маченици“

Пукањата или репресијата не го сопреа целото движење на протестите, и илјадници маршираа повторно во Техран во вторникот. Бројот на демонстрациите расте и во други градови исто така. Во Шираз [6], протестантите прикажани во овој видео клип ја палат фотографијата на Махмуд Амадинеџад.