- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран: На годишнината од изборите, да се демонстрира или не?

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Владеење, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Политика, Протест, Човекови права

[1]

Мир Хусеин Мусави [2]и Мехди Каруби [3], двајцата водечки личности во иранската опозиција формално ги прашаа [4]властите за дозвола да одржат митинг за време на годишнината од оспорените pретседателски избори од 12 јуни [5]. Тие ја изразија загриженоста за безбедноста на демонстрантите во една заедничка изјава.

Онлајн, некои Иранци не се согласуваат со ова претпазливо однесување и многу од нив објавија плакати поттикнувајќи ги утрешните демонстрации (како што е плакатот погоре) преку блоговите и на веб страниците.

Вебневестеха ги поттикнува [6][фарси] луѓето денес да извикуваат Allaho Akbar (Господ е голем) на своите покриви како што правеа за време на постизборната криза, како знак на протест против иранската влада. Блогерот додава:

Ако го отвориш прозорецот и не слушаш гласови, качи се на покривот и почни да викаш Allaho Akbar. Ти си медиумот.

Дулатемили пишува [фарси]:

Ќе бидеме рамо до рамо со мајките на мачениците, г-дин Мусави и г-дин Каруби вие може, исто така, да ни се приклучите. Доколку не се појавиме на 12 јуни притисокот на политичките затвореници ќе се зголеми. Демонстрациите во сабота не се опција, туку обврска. Не треба да се грижиме и да останеме во нашите домови. Ако го направиме тоа, сме ја уништиле нашата татковина.

Афкаре Фарда пишува [7] [фарси]дека луѓето имаат два избора или да живеат понижени под овој режим или да го срушат овој режим и дека режимот го изгубил својот легитимитет.

Сајт пишува [8]: „Јас сум само обичен граѓанин и лидер на ова движење. Утре ќе одам од Универзитетот од Техеран до Азади Сквер во Техеран. Ќе дојдете со мене? Слободата има своја цена.”