- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Палестина: Кадаиф, специјален десерт за Рамазан

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Палестина, Граѓански медиуми, Храна

За време на муслиманскиот празник Рамазан, едно од специјалните јадења во кое ужива целиот муслимански свет е кадаиф, мали палачинки полнети со најразлични слатки сосови. Еден блогер од Газа го гледал процесот како се прави кадаиф, а друг блогер, исто така од Газа, го запишал.

Во Газа, Канаѓанката Ева Бартлет здогледува човек кој прави кадаиф [1]:

Шетајќи низ улиците во Газа, секогаш има нешто што ќе се забележи. Денес, тоа беше човек, кој го развлекуваше тестото на голема тркалезна врела електрична рингла за да направи нешто што личи на палачинка. Кадаиф [2].

Јас застанав да си помуабетам и да го фотографирам процесот, тестото се зацрвени и еден од синовите на сопственикот многу вешто го сврте тестото и од врелата рингла го стави на маса.

Речиси се во Газа е импровизирано од желбата за нештата да бидат реални, поради недостапноста на секојдневните работи, блокирани од страна на Израел. Абу Рами, сопственикот, го врти тестото преку половина шише и го спушта надолу. И така кадаифот излегува убаво.

Ева го направи овој краток филм:

Таа продолжува:

Тој ги објаснува слатките сосови, како се прават и како се полни кадаифот со нив. Тој на Арапски, му мрмори толку брзо на својот син. Неколку минути подоцна, синот дојде и ме повикаа во една соба, позади.

„Пробај го ова”, рече Абу Рами, подавајќи ми свежо подготвен кадаиф. Кога се готови, тие имаат заоблена форма и полнети се или со меко бело сирење или со микс од пржени лешници, цимет и шеќер и послужени со сладок сос. Не ги пробав во моментот, па ги ставив во торба за да ги пробам подоцна.

„Тајеб, добро, но мора да дојдеш на ифтар [3]вечер, за да ја запознаеш жена ми и децата и да пробаш свеж кадаиф“, ми рече, а воопшто не се знаеме.

qatayef [4]

Фотографија од Ева Бартлет (ingaza.wordpress.com), користена со дозвола

Лејла Ел Хадад, блогирајќи за Мама Газа, го обезбеди рецептот за кадаиф [5]:

Кадаиф или како што тие го изговараат на колоквијален Арапски, Атаиф, е слатко кое го прават тие за добредојде на Светиот месец од Рамазан. Иако не се карактеристични само за Газа, секоја колекција рамазански рецепти би била нецелосна без нив.

Во поголемиот дел од Средниот Исток може да се купи готово тесто за палачинки за Атаиф, скоро во секоја слаткарница (всушност, тешко ќе јадете некој кој тестото го прави дома). Во Газа, уличните продавачи за време на зајдисонцето, продаваат се што Ви треба за Атаиф: палачинки (веќе испечени), филот, па дури и ако сте во гужва, ги продаваат полнети или готови за полнење. Тие се експерти за мешање на состојките и ставање на тесто во здели и за правење совршена конзистенција за тестото.

Јас го земав рецептот од еден таков уличен продавач во Кан Јунис [6] пред неколку години, со неколку преработки. Вистинскиот Атаиф треба да се прави со екстра фин гриз, но ова брашно е речиси невозможно да се најде во Америка (ако некој го користи она брашно што е достапно, при филување, палачинката ќе се распадне).

За рецептот, видете го постот на Лејла и кликнете тука [5].