Кувајт: Полирање на автомобил од 10 000$

Дали ќе потрошите 10 000 долари за да го полирате вашиот автомобил? Знам дека нема – но либанскиот блогер Марк, кој живее во Кувајт, ни го привлече вниманието со некој што го направил баш тоа.

Марк пишува:

Во декември објавив за корисник на ЈуТјуб наречен парадајз1мен, кој само што го добил својот Бугати Вејрон, снимил видео од него и го поставил онлајн. Само што го проверив неговиот профил и тој имаше многу нови видеа, последното е од Паул Далтон, „Најдобриот чистач на светот“ кој дошол дури од Велика Британија за да му го исчисти автомобилот.

Видеото е од Паул Далтон како му го полира автомобилот, кое чини 10 000 долари. Доколку тоа бев јас, сигурно досега ќе ми се досадеше од автомобилот и ќе ја носев во Бајан (локален) сервисот за миење автомобили…

Парадајз1мен реагира на постот, велејќи:

Сакам да ти кажам нешто, ти не знаеш колку ме чинеше, дали 10 000 долари или 1 долар? Ти не знаеш дали тој ми е пријател или не, можеби го прави тоа бесплатно никогаш не можете да го знаете тоа, мислам дека ќе ве оставам да погодувате, извинете доколку реков нешто што ќе ве навреди, но ве сакам сите и господ да ве благослови, многу среќа и имајте убав ден.

Парадајз1мен има колекција од видеа на ЈуТјуб од неговата скапоцена колекција од автомобили и светскиот третман кој тие го добиваат. Еве го видеото од наводното полирање од 10 000 долари:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.