Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

САД, Сингапур: За купувањето невести со кредитни картички

Блогот на Аманда Клоер за тргување со луѓе, Human Trafficking blog на Change.org во САД, во петокот објави победа во нивната кампања да ја натераат компанијата за кредитни картички Дајнерс Клаб Интернешенал (Diners Club International) да престане да соработува со компанијата во Сингапур која продава виетнамски невести по имејл нарачка. Повеќе од 800 луѓе ја потпишаа петицијата со која се бара Дајнерс Клаб (Diners Club) да престане да го олеснува купување жени за брак.

Онлајн петицијата вели:

Човечките суштества не треба да бидат купувани или продавани и особено не треба да бидат дел од било каков план за наплаќање, специјално означен попуст или распродажба. Невестите кои се нарачуваат по имеил не се само екстремно изложени на трговијата со луѓе, туку исто така на домашно насилство, злоупотреба, силување и експолоатација. Додека правење платежен план за купување на човечко суштество е етнички и филозофски одвратно, тоа исто така ја намалува економската бариера за купување на невеста. Отстранувањето на таа бариера им дозволува на трговците да се здобијат со жена употребувајќи помалку капитал од оној што им бил потребен претходно. Ги отвара вратите за нова социо-економска класа на криминалци да ги купат и експлоатираат овие жени.

Невестите кои се нарачуваат по имеил не се илегални во Сингапур, ниту пак во поголем дел од другите делови на светот. Овој месец, весникот  The Electric New Paper во Сингапур објави серија на написи за Vietnam Brides International, вклучувајќи еден за месечен план за наплата од  167 долари со Diners Club и уште еден за скала со лизгачка цена на невестите зависно од каде доаѓаат. Новинарот, Кристал Чен, исто така зборуваше со асистентот на генералниот менаџер (за продажба и маркетинг) на Diners Club (Сингапур), кој изјави „Ние не правиме морална проценка на бизнисот којшто го водат нашите трговски партнери. За нас, поважно е дека бизнисот е легитимен.“

Откако постои петицијата, компанијата за кредитни картички ја смени приказната и го напиша следново во писмо до Change.org:

„Во име на Diners Club International, кој е дел од Discover Financial Services, ние почитуваме што [вие] го насочивте нашето внимание кон оваа специфична трговска врска со франчизата Diners. Превземени се формални чекори за да се прекине оваа врска [со Vietnam Brides International].“

На Change.org Аманда Клоер заклучува:

Оваа изјава кажува дека сите вие учествувавте во огромна промена на работите. Писмата го натераа Diners Club да стане свесен за партнерството што една од нивните франчизи го направила со сервисот за нарачка на невеста по имеил. Вие помогнавте да се оствари важна финансиска заштита за жени кои се под ризик да бидат тргувани и злоупотребувани преку индустријата за нарачка на невести по имеил. Вие одбивте да прифатите дека една меѓународна компанија може да третира и тргува со жени како со предмети. Ова е еден од оние ретки моменти кога може да видите важни промени што ги донесуваат вашите акции и разликата што вие ја правите во светот.

Ви благодарам што го насочивте нашето внимание кон  Diners Club. И ви благодарам и вам Diners Club International што донесовте важна улога да ги заштитите жените и девојките од експлоатација. Заедно, ние сме промената што сакаме да ја видиме.

Во април,  Global Voices линкуваше еден пост од Alvinology од Сингапур за еден филм за АлЏазира кој говори за виетнамските невести нарачани по имеил. Филмот раскажува приказна за две девојки кои доаѓаат во Сингапур во потрга по нов живот.

Alvinology се прашува зошто мажите мора да се свртуваат кон невести од странство кога има доволно и мажи и жени во Сингапур. Тој пишува:

Во видеото, една виетнамска невеста може да се „купи“ на самото место за 10,000 долари. Вистинската девојка имаше само 18 години кога беше продадена на 35-годишен маж од Сингапур, кој отиде во агенција за посредништво за да си одбере невеста заедно со неговата мајка.

Она што е уште понавредувачко, девојките беа натерани да посетат клиника во Сингапур и да земат сертификат кој ја потврдува нивната невиност пред тие да бидат продадени.

Додека обете страни и виетнамските девојки и мажите од Синпагур кои влегоа во вакви бракови се возрасни и тоа го прват доброволно, се прашувам колку од ваквите двојки завршуваат навистина среќно.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.