Унгарија: На пат кон нова еколошка катастрофа

Извадоци од овој текст беа објавени во Atlatszo.hu.

Во октомври 2010, едно токсично излевањe на црвена кал од еден резервоар во Колонтар предизвика најголема еколошка катастрофа во современата унгарска историја. Токсична вода и кал се излеаа во соседните села, предизвикувајќи десет смртни случаи и многу повредени помеѓу жителите кои не биле информирани за опасноста од доближување на изливот.

Residents of the town of Devecser, about 150 km west of the capital Budapest, hit by a flood of toxic sludge from an alumina factory were struggling to recover their belongings from the mud. Photo by Y ATTILA "BOGART" P., copyright © Demotix (6/10/10).

Живеалиштата во Девексер, 150 км западно од Будимпешта, поплавени од токсичен талог од една фабрика за алуминиум се обидуваат да ја спасат нивната сопственост од излевот. Фотографија Y ATTILA "BOGART" P., авторски права © Демотикс (6/10/10).

Уште од прекинот со производство на алуминиум, резервоари со калливи остатоци од производството на алуминиум во Унгарија, слични на оние од катастрофата од октомври 2010, се користеа или се уште се користат како депонија за други видови ризични материјали. Унгарските фабрики за алуминиум беа приватизирани по 1990 по ниска цена. За возврат, купувачите се обврзаа да се погрижат за намалување на претходните еколошки штети.

Една од овие фабрики, лоцирана во Алмасфузито, град на брегот на Дунав, на северо-запад од Унгарија, веќе одамна престана со производство на алуминиум. Нејзините резервоари за каллив отпад сепак се користат за опасен отпад произведен на друго место.

Според документ објавен од страна на Atlatszo.hu [.pdf фајл, на унгарски],  член од персоналот на Tatai Környezetvédelmi Zrt. (Tata Environmental Protection cPlc., или TKV Zrt.) тврдеше пред 15 години, на една универзитетска конференција во врска со технологија користена за „поправка“ на еден од складовите на резидуален талог од производството на алуминиум во Унгарија (во Алмасфузито): „Заменуваме веќе постоечки ризик со друг ризик.“

Присутниот на конференцијата посочи во тоа време: „Единствен начин да се исчисти областа е да се отстранат сите 11 ооо тони отпад.“

Документот, транскрипција од таа конференција, покажува дека под изговор на „намалување на штетите,“  овие резервоари се загадени со опасен отпад па дури и тешки метали кои се исфрлаат од страна на специјализирани компании. Со непредвидливи последици, но огромен потенцијален профит.

Олајос, еден унгарски блогер, напиша во една кратка белешка во 2010 [на унгарски] дека, според документацијата во врска со опасниот отпад, во 2000 се уште, производството на алуминиум генерира 14,45% од индустриските диоксини и фурани :

[…] Што е диоксин? Оние кои ја следеле украинската политика последниве години слушнале за тоа, зашто [Виктор Јушченко, еден од кандидатите за претседателски избори за 2004] беше отруен со диоксин во тоа време.

Целосниот назив за диоксин е tétrachlorodibenzo-p-dioxin (TCDD). Ова соединение не постои во природата, тоа е нус-производ на индустриската активност на човекот, кое го нарушува имунолошкиот систем и предизвикува рак и може да ја оштети ДНК. Сумирано, тоа е еден агресивен отров кој организмот не може да го елиминира. Фабриките испуштаат во животната средина нус-производи кои содржат диоксин. Во Унгарија, се испушти диоксин од складиште за отпад во Гаре, место кое исто така стана симбол на еколошка штета.

Помалку се зборуваше за фуран, соединението кое не ја стекна славата на неговиот придружник, но животната средина може исто така да биде загадена од овој нус-производ од производството на алуминиум. […]

Кон крајот на 2011, Гринпис започна во Унгарија кампања за подигнување на свеста во врска со складилиштето во Алмасфузито. Пакскер од блогот Greenr сподели едно видео од Гринпис насловено „Улица на заболени од рак во Алмасфузито“ [на унгарски] што тој го коментира [на унгарски] :

Работата треба да е навистина сериозна во очите на Научно-истражувачки Центар во областа на животна средина од Универзитетот ЕЛТЕ за да зборува во едно видео од Гринпис. Ова е случај со Алмасфузито.

Јудит Молнар [младата жена која зборува во видеото] има 24 години и имала два напади на неоплазија, нејзината сестра има 19 малигни тумори во телото.

Веќе има  1,5 длабочина нафта која тече во земјата.

Црвената кал е незначајна во споредба со другите материи кои се испуштаат во складилиштето.

Жабите се црвени [поради течностите кои истекуваат од резервоарот].

Резервоарите протекуваат на многу места. Нискиот водостој [на Дунав во близина на резервоарот] го покажа тоа совршено. Цела Будимпешта ги пие сите овие отрови и индустриски канцерогени материи!

За да ја комплетираме сликата, Tata Environmental Protection (SIC!) cPlc. си зема за право да го нарече ова само „компостирање“… По ѓаволите, како може да компостираме неоргански отпад?!

Тоа значи да се расфрла опасен отпад во резервоар кој протекува како сунѓер. Во Германија и Австрија забрането е да се мешаат различни видови опасен отпад и да се стават во иста депонија. [Додека] намерно создаваме еколошко буре барут…

Од објавувањето на транскрипцијата од конференцијата од 1996, TKV Zrt. го контактираше atlatszo.hu тврдејќи дека, помеѓу другото, погореспоменатите документи се изманипулирани и дека резервоарите црвена кал во Алмасфузито не претставуваат никаква опасност за околината. Сепак, една студија [на унгарски, со резиме на англиски] објавена во 2004 од страна на Географскиот Институт на Унгарската Академија на Науките ги поддржува фактите констатирани во документот објавен од страна на Atlatszo.hu.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.