- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран: Бура на протести по изборите

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Избори, Политика, Протест, Слобода на говор, Човекови права

Илјадници луѓе демонстрираа [1] во Техран, Машад и неколку други поголеми градови во Иран против прогласената победа на претседателот Махмуд Аџмадинеџад [2]на иранските претседателски избори во петокот. Два различни реформаторски ривали и нивните поддржувачи инсистираат дека постоела измама во изборната трка.

Мир Хусеин Мусави [3], главниот предизвикувач на Ахмадинеџад изјави [4] дека резултатите од „недоверливи набљудувачи“ го рефлектираат „ослабувувањето на столбовите кои го сочинуваат светиот систем“ на Иран и „управувањето на апсолутизмот  и тиранијата“. Неколку сцени на улични тепачки и демонстрации се аплодирани на Јутјуб.

Демонстрација на улицата Валиаср [5]во Техран каде илјадници демонстрираа и кажуваа слогани против владата на Ахмадинеџад.

И овде луѓето повторуваа: „Мусави, врти ми го мојот глас!“.

Безбедносните сили ги совладаа протестантите:

Една друга демонстрација се одржа во Масхрад каде протестантите побараа од безедносните сили да ги подржат [наместо да ги спречуваат].

Ghomar Ashegahne објави [6]неколку фотографии кои прикажуваат претставници на безбедносните сили како тепаат протестанти (погледни ја сликата погоре). Блогерот пишува [фарси] дека репсресијата би била добра причина да не се оди на улиците да се протестира, ама „што можеме да направиме со овој голем јад?“. Тој вели дека Каруби и Мусави [двајцата реформаторски кандидати] кои сакаа да ја променат ситуацијата во државата, би требало да започнат сега.

Belgiran пишува [7][фарси] дека иранскиот лидер Али Каменеи [8], го собори Мусави со генијален потег уште пред тој да стане претседател и го замени со Ахмединеџад… Тој пишува, „Овој режим само што ја загуби и малата легитимност што ја имаше досега.“

Mehrdadd пишува [9] на Твитер, дека иранскиот лидер покажува дека е против иранските луѓе. Сега секоја политичка личност треба да завземе позиција за или против луѓето.

Mehri912 вели [10] на Твитер, „Ако Иран спие вечерва, ќе спие засекогаш“.