Иран: Бура на протести по изборите

Илјадници луѓе демонстрираа во Техран, Машад и неколку други поголеми градови во Иран против прогласената победа на претседателот Махмуд Аџмадинеџад на иранските претседателски избори во петокот. Два различни реформаторски ривали и нивните поддржувачи инсистираат дека постоела измама во изборната трка.

Мир Хусеин Мусави, главниот предизвикувач на Ахмадинеџад изјави дека резултатите од „недоверливи набљудувачи“ го рефлектираат „ослабувувањето на столбовите кои го сочинуваат светиот систем“ на Иран и „управувањето на апсолутизмот  и тиранијата“. Неколку сцени на улични тепачки и демонстрации се аплодирани на Јутјуб.

Демонстрација на улицата Валиаср во Техран каде илјадници демонстрираа и кажуваа слогани против владата на Ахмадинеџад.

И овде луѓето повторуваа: „Мусави, врти ми го мојот глас!“.

Безбедносните сили ги совладаа протестантите:

Една друга демонстрација се одржа во Масхрад каде протестантите побараа од безедносните сили да ги подржат [наместо да ги спречуваат].

Ghomar Ashegahne објави неколку фотографии кои прикажуваат претставници на безбедносните сили како тепаат протестанти (погледни ја сликата погоре). Блогерот пишува [фарси] дека репсресијата би била добра причина да не се оди на улиците да се протестира, ама „што можеме да направиме со овој голем јад?“. Тој вели дека Каруби и Мусави [двајцата реформаторски кандидати] кои сакаа да ја променат ситуацијата во државата, би требало да започнат сега.

Belgiran пишува [фарси] дека иранскиот лидер Али Каменеи, го собори Мусави со генијален потег уште пред тој да стане претседател и го замени со Ахмединеџад… Тој пишува, „Овој режим само што ја загуби и малата легитимност што ја имаше досега.“

Mehrdadd пишува на Твитер, дека иранскиот лидер покажува дека е против иранските луѓе. Сега секоја политичка личност треба да завземе позиција за или против луѓето.

Mehri912 вели на Твитер, „Ако Иран спие вечерва, ќе спие засекогаш“.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.