- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Иран: Да се гласа или да не се гласа

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Иран, Владеење, Граѓански медиуми, Дигитален активизам, Идеи, Избори, Медиуми и новинарство, Политика

Дали да се гласа или да не се гласа, со други зборови, дали да се учествува на изборите или да се бојкотираат изборите е една од главните теми за време на иранските претседателски избори. И покрај тоа што неколку опозициони групи повикаа да се бојкотираат [1] претседателските избори [2] на 12-ти јуни, се чини дека бројот на групите за бојкотирање на изборите е многу помал за разлика од претходните четири години. Силната студентска асоцијација како Тахким Вахдат [3] пред четири години повикуваше на бојкот, а сега го подржува кандидатот на реформистите Мехди Кароуби и повикува да се гласа за промена.

[4]

Во Холандија веројатно се презеде  најкреативната иницијатива за да се поттикнат луѓето да гласаат. Камран Аштари,блогер и уметник кој живее во Холандија, како и неговите двајца пријатели Фархад Гојарди, уредник на Еутопиа [5]и Шервин Некуе, ирански социолог, креираа страница која се вика  „Гласајте за Иран.“ [4]

Камран напиша: [6]

Гласам со надеж дека ќе се промени не само закоравената влада, туку и дека ќе изградиме подемократско општество во кое ќе се оставарат правата на жените, слободниот печат и слободниот говор и човековите права. Во последните четири години  се покажа дека нашето право може да биде во поголема опасност отколку што можеме да замислиме.

Пред четири години за мене беше незамисливо да бидам дел од оваа иницијатива. Четирите години од владеењето на Ахмадинејад [7], односно десницата, го одведе Иран во лоша насока. Мислам дека иранските иселеници треба да играат поконструктивна улога и не треба да чекаат да се случи магична трансформација на власта.

Ирачаните се собраа во 25 различни градови низ светот и изјавија дека ќе гласаат.

Мухамед Али Абтахи, поранешен заменик претседател напиша: [8]

Во оваа насока, еден од најважните политички настани е намалувањето на бранот на повикувања да се бојкотираат изборите. На претходните избори, бојкотот предизвика тешкотии во последните четири години, а претседателот си доби неверојатен подарок. Пред неколку дена видов една група студенти која на претходните избори собра 500 потписи за да се бојкотираат изборите. Сега повеќето од овие студенти се обидуваат да ги натераат луѓето да гласаат.

Пајкорг напиша [9][фарси] дека изборите треба да бдат бојкотирани. На блогот се спомнува дека овие избори не се слободни.

Тахримен Еткабат (значи бојкотирање на избори) напиша [10] [фарси] дека Ирачаните со бојкотирањето на изборите уште еднаш му кажуваат на светот дека во  исламската република нема никаква законитост.