- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Мозамбик: Напад врз претседателски кандидат

Категории: Супсахарска Африка, Мозамбик, Избори, Најважни вести

Блогерите од Мозамбик Карлос Сера [1][португалски] и Пауло Грањо [2] [португалски] реагираа на нападот врз политичарот Давис Симанго кој се случи  вчера во пристанишниот град Накала, кој се наоѓа во северен Мозамбик. Партијата на Симанго (@mdmwiki) [3]исто така реагираше на нападот врз својот кандидат.

Симанго е градоначалник на Беира и на почетокот на оваа година ја основа партијата МДД (Мозамбиско демократско движење), откако се скара со традиционланата опозициона партија РЕНАМО. [4] Пред само неколку дена, тој и неговата партија ја потврдија планираното кандидирање за претседателскиот мандат и кампањата за изборите во октомври. Додека Симанго одеше на состанок на неговата партија, неколку лица од собраната толпа го грабнаа оружјето на полицијата и истрелаа куршум во неговата кола.

Тој избега неповреден, но медиумите известија дека тројца лица биле повредени, вклучувајќи и еден полицаец. Според првичните извештаи од независниот медиум на Мозамбик напаѓачите се членови на РЕНАМО.