Еквадор: Државниот секретар Хилари Клинтон во посета на Еквадор

Државниот секретар на САД, , Хилари Клинтон, беше значаен гостин во Кито, главниот град на Еквадор за време на една посета која траеше 4 часа. Напладне, Клинтон пристигна во Carondelet Palace, седиштето на еквадорската влада, за да одржи состанок со еквадорскиот претседател и привремениот лидер на Унијата на јужноамериканските нации (UNASUR), Рафаел Кореа. Во нејзината порака, Клинтон слаткоречиво изјави, „САД сакаат да бидат партнер со Еквадор и други држави за да ги решат проблемите на 21 век.” [шпански]

Во жолтата соба на Каронделе палас. Клинтон и Кореа за време на прес конференцијата. Фотографија од претседателството на Република Еквадор

Клинтон се сретна со Кореа за да дискутираат прашања во врска со имиграцијата, соработката, трговска и регионална безбедност, како што изјави амбасадорот на Еквадор во САД,Луис Гаљегос. Гаљегос нагласи, дека расправањето на прашањето за имиграцијата и усвојувањето на т.н. Аризона закон беше приоритет на агендата. Според проценките, околу 2 милиони Еквадорци живеат во САД; па според тоа, најважно за Еквадорците беше третирањето на проблемот за имиграција. Гаљегос заклучи дека Еквадор и Јужна Америка мора да научат да не паничат за вовлекување во дијалог со светските сили.

CRE блоговите резимираат што се случи во Кито на 8 јуни. Во главно се зборува дека и двете страни се согласија да работат заедно, со цел да ги постигнат заедничките стремежи. Кореа укажа дека постојат конфликти, но дека сите беа разрешени; тој додаде дека тие се согласија за теми од агендата, како што е почитување на демократијата, борбата против трговијата со дрога и имиграцијата. Кореа исто така истакна дека по оваа посетата, двете држави со поголема динамика ќе работат заедно.

Корисниците на Твитер ги пренесоа нивните чувства за посетата на Клинтон на Еквадор. Некои корисници како Пабло Козалио(@pablocozzaglio) се прашуваат:

[…] Qué buscarán los gringos, con ese súbito interés por Ecuador?

[…] Што сакаат ‘грингосите’ во Еквадор, со вака ненадеен интерес?

Од друга страна Енди Мартинез (@andrs78) е повеќе оптимистички настроен. Преку Твитер тој пренесе:

Hillary Clinton en Ecuador….quizas algo esta cambiando?

Хилари Клинтон во Еквадор….можеби нешто се менува?

Како особено значаен северноамерикански лидер, Клинтон изнесе огромни очекувања. Но не сите Еквадорци беа среќни со нејзината посета. Група од левичарски активисти протестираа надвор од владината зграда, Carondelet Palace. Тие протестираа за посетата на американскиот државен секретар, па дури и го запалија американското знаме. Протестантите беа идентификувани како членови на Народното демократско движење (MPD) и Марксистичко-ленинистичката комунистичка партија на Еквадор (PCMLE). Тие покажуваа знаци на кои што пишуваше „УА за расистичкиот закон за имиграции” и „Х.Клинтон надвор од Еквадор.”

Сепак, Твитер корисникот Висенте Алвардо не се согласува со протестантите. Една Твитер порака која тој ја испрати вели:

Ecuador avanza en relaciones con USA… MPD atrasa pueblo,protestando contra de Clinton. Saben cuanto comercializamos con USA? Ignorantes

Еквадор напредува во неговите врски со САД… Народното демократско движење ги уназадува луѓето, со тоа што протестираат против Клинтон. Дали знаат само колку им продаваме на САД? Лаици.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.