Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Најголемиот протест во Сингапур предводен од блогери се залага за слобода на медиумите

Се проценува дека 2000 луѓе се приклучиле на протестот во паркот Хонг Лим во Сингапур на 8ми јуни оваа година, со цел да се спротистават на новата владина шема за лиценцирање на онлајн медиуми. Oрганизиран од страна на ‘Free My Internet’ движењето, ова е најголемиот протест воден од страна на блогери некогаш што се случил во Сингапур.

Новиот пропис кој го донесува Органот за развој на медиуми (MDA) налага онлајн медиумите од Сингапур, кои имаат посети од 50.000 уникатни ИП-адреси месечно да регистрираат дозвола. Понатаму, тие мора да приложат „гаранција“ од 50.000 долари. Страницата, исто така, ќе биде задолжена да отстрани било каква „непристојна“ содржина во рок од 24 часа, откако истото ќе и биде наредено од страна на владата. MDA досега има идентификувано 10 веб-страници, вклучувајќи ја Yahoo! Singapore, кои се опфатени со пресудата.

Пред настаните од саботата, повеќе од 160 блогови учествуваа во протестот на „затемнување“. И покрај уверувањето на владата дека блоговите се ослободени од пресудата, нетизените ја опишуваат оваа нова регулатива како закана за слободата на интернет и на медиумите. Видеото приложено подолу покажува неколку блогови кои во знак на протест ги заменија своите почетни страници со црна слика.

Движењето ‘Free My Internet’, по завршувањето на протестот, ја издаде следната изјава за медиуми:

Успехот на кампањата е несомнено – подвиг. #FreeMyInternet се спои во рок од само неколку дена, а кампањата која следуваше беше организирана во рок од 10 дена. Со оглед на спонтаната и без-предводник природа на движењето #FreeMyInternet, ова е неверојатно достигнување.

Во блиска иднина, ќе издадеме материјали и програми за едуцирање на членовите на јавноста и членовите на парламентот за зашто режимот на лиценцирање треба да биде повлечен.

Не ја исклучуваме можноста за дијалог со владата, но тој дијалог треба да биде дискусија за како ќе се случи повлекувањето на режимот за лиценцирање и треба да биде дијалог за како дерегулирањето на медиумите е од најголема корист за жителите на Сингапур.

Photo from Flickr page of Raymond Lau

Фотографија од Фликр на Raymond Lau

Некои студенти го предизвикаа Министерот за комуникација и информатичко општество да ја повлече регулативата:

Нас, како студенти по масовна комуникација и практиканти, оваа регулатива не засега, со тоа што описот на амандманот укажува на тоа дека државата ќе има неограничена сила да замолчи не само новинари, но и вируелно сите кои користат интернет.

Овие грижи не обврзуваат, во рамките на нашите капацитети, како загрижени млади граѓани на Сингапур, да побараме од Министерот за комуникации и информатичко општество да ја раскине оваа регулатива која налага онлајн медиумите да бидат регулирани; и доколку не го направи истото, да се вклучи со нас во дијалог и да ни објасни зашто тоа е невозможно.

Член 14 го истакна успехот на кампањата:

…минимумот кој беше достигнат оваа недела е дека блогерската заедница испрати јасна порака – го цениме ограничениот простор и нема лесно да се откажеме од истиот.

Тоа помогна во демонстрирањето на широкиот пресек на поддршка која постоеше за слобода на онлајн просторот.

Photo from Flickr page of Raymond Lau

Фотографија од Фликр страницата на Raymond Lau

Thoughts of a Cynical Investor им честиташе на организаторите:

Да се соберат 2,000 до 2,500 жители од Сингапур на улица, за толку кратко време (помалку од недела), е многу големо достигнување, не – голем подвиг, за организаторите.

Рави Филемон тврди дека протестот е за „обичните“ сингапурски нетизени:

Овој протест е за нас. Затоа што оваа нова регулација и дава на владата моќ за произволно да одлучува, никој не знае какви алатки за мониторинг на сообраќај и анкети за перцепција, можеби ни Господ не знае, користат и за што – кои веб-страници се онлајн медиуми, а кои не.

Аарон Кох е инспириран од протестот:

Присуствував на протестот, инспириран сум од говорниците. Тие, главно блогери, беа загрижени не само за шемата за лиценцирање на онлајн медиуми на MDA, но и за брзината со која таа шема прерасна во закон, без никакво консултирање со парламентот или со јавноста.

Political Writings предупредува дека мали протести не се доволни:

Дали протестите се легитимен начин за предизвикување на промена во законот или политички промени е посебно прашање. Тоа што е навистина важно е дека жителите на Сингапур треба да разберат дека протести од овој тип нема ништо да променат.

Лим Јиалианг ја објаснува важноста на учествувањето во овој подвиг:

Клучно е да се запамти дека активното учество е нешто за што треба човек да биде горд, дури иако учеството не резултира со никакви вистински резултати на крај. Нешто не е во ред, како и да е, кога луѓето активно го понижуваат трудот на другите, кои даваат се од себе да обезбедат и да зборуваат во најдобар случај против бесцелно и беспомошно парче регулатива, а во најлош случај против тесната јака ставена врз нашиот демократски глас.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.