Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Павел Дуров, основач на најпопуларната руска социјална мрежа, нема да оди во затвор (за сега)

Изгледа дека Павел Дуров конечно може да се врати во Русија без да му стои над глава закана за затворска казна. Тоа, бар во овој момент, се чини дека е вистина, откако детективите на Санкт Петерсбург ја прекинаа истрагата за наводната вмешаност на Дуров во сообраќајна несреќа која се случила на 5ти април, 2013 година. Сообраќајната несреќа остави еден полицаец со помали повреди. Иако конечно се потврди дека Дуров бил возачот на автомобилот, инспекторите денес изјавија дека не успеале да најдат докази дека Дуров имал малициозни намери. Соодветно на тоа, тие ја намалија кривичната пријава за прекршок, и го и го отстапија случајот на локалната полициска станица, за таа да донесе одлука за соодветна казна.

Pavel Durov, screenshot from YouTube clip, 20 February 2013.

Павел Дуров, фотографија направена од видео на Јутјуб, 20ти февруари 2013.

Дуров — „Рускиот Зукерберг“ и креатор на најпопуларната социјална мрежа во земјата, Vkontakte—од несреќата па до сега живееше надвор од Русија, најверојатно со цел да ја избегне поканата на инспекторите за сослушување. Чудно, (со оглед на денешните вести), полицијата пред само два дена ја прошири својата истрага, поврзана со веќеспоменатата сообраќајка, за цел месец, која беше при крај поради недостаток на обвиненија. Иако се до денес тие Дуров го сметаа за сведок, полицијата продолжи и го покачи неговиот статус на „извршител“, иако со клучно намалување на делото од „употреба на сила против државен претставник“ на „непочитување на службеник на законот“.

Што го поттикна ова однесување „во лице на инспекторите“? Дали можеби некоја висока функција во владата интервенирала да се „повлечат кучињата“? Или пак Дуров се справувал со ситуацијата на страна, и дали овој крај на неговиот криминален случај значи дека тој постигнал компромис со Кремљ, кој во последно време пројавува растечка желба за вршење на контрола врз Vkontakte? Можеби Москва пробува да „избрише“ политичка штета која влијае на интернационалната репутација на Русија, после преселбата на истакнатиот економист Сергеј Гуриев во Франција?

Дуров и неговите потпароли ја оддржуваат неговата не-вклученост во сообраќајната несреќа од 5ти април. На крајот од април, телевизискиот канал Дожд објави сторија за како тој привремено е преселен во САД со цел основање на нова социјална мрежа, како одговор на откупувањето на 48% од акциите на Вконтакте од страна на United Capital Partners. Дуров ги негираше овие гласини и инсистираше дека се нема преселено недвор од државата.

Со отстранувањето на заканата од затворска казна, сега останува на Дуров да се врати и да докаже не ја напуштил Русија за секогаш. Доколку не се врати, кој би можел да каже дека нема повторно да биде жртва?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.