- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Русија: „Јас сум русофобичен”

Категории: Источна и Централна Европа, Русија, Владеење, Војни и конфликти, Економија и бизнис, Животна средина, Меѓународни односи, Политика, Развој

Корисникот на LJ rusanalit, популарен руски блогер кој најчесто објавува провокативни постови за економијата во Русија, го објави овој потсмеjувачки проглас [1](руски) на својот блог на 10ти Јуни, забележувајќи со иронија дека оние кои се обидуваат да го критикуваат минатото и иднината на Русија често се нарекувани русофобични од страна оние кои себеси се сметаа за патриоти, а всушност обратното може да е точно во многу случаи:

И јас сум русофобичен, исто така.

Тоа е затоа што јас пишувам дека Сталин отворено посака да виде корисен за неговата земја, но проценувајќи според резултатите од неговите грешки, плодовите од неговата работа – и оние на државната – пред-воена работна сила беа загубени. Така што, доколку не го воздигнувате Сталин туку се обидувате да ја оценувате неговата работа објективно – ова ве прави русофобичен.

Затоа што, иако јас го сметам Путин заслужен за огромната улога што тој ја одигра во спречување на откривањето на 20те Чеченци во Русија како резултат на чеченското официјално отцепување од Русија, јас го сметам Путин  НЕКОРИСЕН ПОСЛЕ ЧЕЧЕНИЈА ВО СИТЕ ДРУГИ АСПЕКТИ. Така што, доколку не му го лижете задникот на Путин, туку се обидувате, повторно да ја оценувате неговата работа објективно – вие сте русофобичен.

Затоа што мене не ми се допаѓа Михаил Ковалчук [Mikhail Kovalchuk [2]] и Генади Тимченко [Gennady Timchenko [3]] – претходниот буквално ограби [Gazprom [4]], додека вториот само одзеде неколку билиони долари од државните компании [Sibneft [5]] и [Rosneft [6]] додека работеше како посредник во нивната купопродажба на нафта. Така што, доколку вие отворено ги наречете билионерските крадци блиску до поредокот “крадци“ – вие сте русофобични.

Ако мене не ми се допаѓа фактот дека економијата на мојата земја е економија базирана на природни богатства и дека владата навистина не сака да промени ништо, и се противам на се – тогаш јас сум русофобичен.

Доколку мислите дека државата е должна да спасува животи на руски деца […], и не да ги намалува загубите на пазарот на акции од странски инвеститори – тогаш вие сте русофобичен.

Во ред, се согласувам. Ако вака стојат работите, тогаш јас сум русофобичен. Затоа што во овој случај, русофобијата е угледна титула.

А кој сте вие тогаш?