Натпревар во глобално блогирање за прашања поврзани со водата

Eвропскиот центар за новинарство започна тримесечен меѓународен натпревар во блогирање, кој ќе се фокусира на прашања поврзани со водата, наречен МИСЛИ5. Блогери од 40 различни земји се приклучија на натпреварот, со цел да ја добијат главната награда: патување во Лисабон, Португалија.

Како што Размислете за тоа сајтот пишува:

РАЗМИСЛЕТЕ ЗА ТОА е серија од блогерски натпревари организирани од Европскиот центар за новинарство. Натпреварувањата целат кон професионални и амбициозни новинари и нови медиумски создавачи од различен калибар и позадина. МИСЛИ цели кон овозможување на онлајн платформа за покривање на тековни теми, основајќи меѓународна заедница на блогери во процесот. Првото МИСЛИ издание во 2009 година се фокусираше на европските парламентарни избори, со понатамошни изданија кои се фокусираат на глобални теми како што се климатските промени и глобалниот развој.

Th!nk About it Blogging Competition

Еве некои од најпопуларните и оригинални објави напишани од некои од победниците:

Во написот “Вообичаеното прашање: Вода од чешма или од шише?”, Бразилскиот блогер Диего Лобо зборува за пазарите за вода и неговото лично искуство со флаширана вода.

Блогерот Ирис Гонзалез од Филипините напиша “Чекај! Mи пукна торбата со вода!“, напис каде што таа дискутира за водата од мајчинска перспектива.

Лариса Ранкович од Србија објави “Брана на Дунав и крајот на комунизмот”, историски текст кој раскажува приказна за брана која станала центар на опозицијата на унгарскиот режим.

Блогерот и филмски продуцент Питер Вадокз од Унгарија прикачи краток филм кој го направил насловен  “Spiagga/ Плажа”. Авторот го дефинира филмот како “речник со слики за 4 – 6 годишни деца на плажа.”

Авторката Андреа Арзаба учествуваше на натпреварот во блогирање. Во еден од нејзините написи во врска со водата таа пишуваше за водата како карактер: “Што ако водата би можела да зборува!?

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.