- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Израел: Пиксис го откажаа настапот

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Израел, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Меѓународни односи, Музика, Политика, Уметност и култура

Албумот Doolittle (1989) од Пиксис

Следствено на големата меѓународна критика и осуда на судирот на Израел со активистите кои имаа намера да ја прекршат блокадата на Газа, Пиксис ветеранската рок-група, го откажаа нивниот концерт [1] во Израел. Ова е врв од откажувањата на настапите на Kлаксонс, Горилаз Саунд Систем [2] како и Eлвис Костело [3]. Како и да е, веста за откажувањето на Пиксис ја вознемири Tвитосферата и многумина мислеа дека има голема поврзаност меѓу политиката и музиката.

Пиксис не ја кажаа точната причина за откажувањето во последен момент. Шуки Вајс, [4] промотерот на бендот во Тел Авив, ја објави оваа изјава:

בצער רב אנו מודיעים היום על החלטת הפיקסיז לבטל הופעתם בישראל

Ова предизвика измешани реакции и донесе многу за и против, како и анти-израелско чувство за претходното.

Имаше вакви, како @ismpalestine [5], кои им се заблагодарија на Пиксис што не поддржуваат држава со апартхејд:


Пиксис го откажаа концертот во Израел. Благодарност @Pixies за отфрлувањето на апартхејдот! #flotilla #israel #pixies

Други, како @SMaher85 [6], им аплаудираа на Пиксис за поддршката на правдата и промовирање на мирот:

Уште една победа за #BDS! #Пиксис го откажаа #концертот во Израел! Благодарност за поддршката за првда и мир: http://bit.ly/aXJvea #Palestine [7]

Од израелските фанови на Пиксис, имаше силни, агресивни реакции со користење на текстовите од бендот за да нагласат. @Dachniella [8]праша :


кај ви е умот, Пиксис? зошто мешате уметност и политика??? #pixiessuck

Mногу фанови, како @OrTheDude, [9] го обвинија бендот за слабо разбирање на политичката ситуација во Израел:

#Пиксис КУКАВИЧКИ подлегнаа на необјективан политика, срам да ви е што не ја разбравте суштината на нештата! #pixiessuck #israel #music [10]

@photomiky [11]додаде :

Пиксис малку ги разбираат потребите на израелската безбедност. #pixiessuck [12]

Но, немаше само реакции на Твитер. Станицата на фанови на Пиксис на Фејсбук [13] беше бомбардирана од коментари на обожавателите за откажувањето. Додека пишувам, имаше 242 коментари [14], најмногу како одговор на одлуката на бендот да не свири во Тел Авив. Овие коментари ни даваат интересен поглед за конфликтот кој е постар од Пиксис и далеку помрачен од што можат да бидат нивните текстови.

Некои, како Рики Коен, го обвинуваат бендот како анти-семитски, терористички соработници:

Лицемерие, лицемерие и одвратност. Ќе престанете ли да трчате по земји како Америка, Англија и други кои се борат во Ирак? Вие сте соработници на анти-семитски терорист.

Но на страницата на Фејсбук, имаше и коментари како оној на Памела Хардимент која ракоплеска на одлуката на Пиксис:

ВЕ САКАМ, ФАЛА ШТО ГО ИЗБЕГНУВАТЕ ЃУБРЕТО НА ЗЕМЈАТА ВО ИЗРАЕЛ.

Eлтон Џон и Род Стјуарт се уште се на распоредот за настап во Израел, летово. Сепак, има притисок врз уметниците да размислат и да откажат. На Твитер, @bataleh [15] пишува:

4gt itRT @DiamantChehadeh: Eлтон Џон, сигурен сум дека Израел ќе ти постели црвен ќилим, покриен со невина крв. Откажи го настапот. #Flotilla [16]

Друг Твитер корисник, @DANALTWEETS [17], исто така, ги охрабрува уметниците да не настапуваат во Израел :

Снуп Дог, Клаксонс, Горилаз, Сантана и Елвис Костело ги откажаа концертите во Израел, кој е следниот? #bds #flotilla #freepali [18]