Данска: #TV2Wikigate

danish-wikipedia-logoМинатиот месец, двајца дански телевизиски водители сакајќи да покажат дека Википедија е несигурна како извор на информации, завршија со потребата од бранење на својот кредибилитет кога беше откриено дека грешките кои тие ги покажаа на телевизија беа направени од некој кој работел за емисијата.

Википедија ентузијастите ја прифатија битката [дански] со TV2, и создавајќи јавна дебата насочија прашања за интегритетот на новинарите. На Twitter, настанот многу брзо беше познат како #TV2wikigate.

Stefan Bøgh-Andersen, кој го раководи данскиот RSS пребарувач Overskrift.dk води евиденција [дански] на неговиот блог од данските медиуми, блогови и Twitter реакции за скандалот во периодот на мај. Овој пост е базиран на неговите линкови.

Anders Breinholt and Cecilie Frøkjær

Anders Breinholt и Cecilie Frøkjær

Може да погледнете архивирано видео од емисијата (13 мај) на сајтот на TV2. Водителите на утринската програма на TV2, Cecilie Frøkjær и Anders Breinholt прикажале смешни грешки во данската Википедија за самите нив и ги охрабрувале гледачите да не веруваат во она што го читаат на интернет.

Бидејќи „историјата“ на сите верзии на Википедија покажуваат кој корисник ја направил која измена, многу брзо од страна на корисник на Википедија беше откриено дека IP адресат на личноста која ја направила грешката со датата на раѓање на Frøkjær се совпаѓала со адресата на продукциската компанија на утринската емисија.

Случајно, страницата со историја покажува дека грешката е поправена само четири минути подоцна од друг корисник на Википедија.

Данската блогосфера го возвраќа ударот

На Bootstrapping.net, Thomas Madsen-Mygdal напиша [англиски]:

Вчера, главната утринска емисија за вести покажа приказна за тоа како секој може да ја менува Википедија. Тие се потсмеваа на светот каде секој може да учествува и ширеа страв за колку опасно може тоа да биде.

За да ја докажат нивната цел тие се обидоа хумористично да покажат дека тие ги измениле сопствените страници во Википедија со некои смешни податоци. Како некои мали насилници во градинка го правеа тоа на национална телевизија – се зезаа со нашата заеднички создадена колекција Википедија. Ароганција не е доволен збор за тоа.

На Blog.Flugge.Net [дански], Matthias Flügge Hansen ја зголеми сликата од Википедија која беше прикажана на телевизија за да покаже дека тоа не е страницата во живо, него веројатно едитувана фотографија во Фотошоп.

Claus Dahl од Notes from Classy's Kitchen рече дека медиумите мора да ги измислуваат овие приказни за да остават подобар впечаток. Тој напиша [дански]: „Скриеното значење е секако, „кој би поверувал во вистинитоста на приказната доколку не е создадено од новинари?.““

Медиумска лага или сатира?

Блогерите беа уште повеќе разлутени [дански] кога уредникот на TV2, Jes Schrøder, ја бранеше лажираната приказна на интервју со Journalisten.dk [дански] трговската публикација на данската унија на новинари, на 15 мај.

Според Schrøder водителите се обидувале да покажат смешни примери кои некој би можел да ги напише доколку сака да манипулира со Википедија. Кога тој бил притиснат да одговори дали тоа е начин да се извадат поради лажењето на телевизија, тој инсистирал дека тоа било обид за „сатира“.

Еве го извинувањето од TV2 кое беше пуштено по некое време на 18 мај. „Се извинуваме за непрецизноста“, рече Frøkjær.

Последиците

Данската компанија за социјални медиуми, Socialsquare, (еден од основачите е Madsen-Mygdal) организираше состанок на 19 мај за организациите да дискутираат како да ја поттикнат продуктивноста во онлајн заедниците. Andreas Lloyd понуди неколку практични совети [англиски], вклучувајќи „Кажете ги вистинските факти “и „Покажете почит кон културите кои не ги разбирате“.

На Mediebloggen, Lars K Jensen на 24 мај напиша анализа [дански] за она што го демонстрираше скандалот за данската блогосфера.

Прво, рече Jensen, блогерите ја открија приказната и успеаја да го привлечат вниманието на новинарите. Потоа, тие не успеаја да демонстрираат решителност да ги истераат работите до крај. Наместо тоа тие ги додадоа своите ставови во ехо комората:

Hvem førte så historien videre? Jo, det gjorde et af de “gamle medier”: Journalisten.

Hvad var fremgangsmåden? Hvordan fik man historien videre? Jo, man greb knoglen og ringede til TV 2-redaktør Jes Schrøder. Uden at kunne sige det med 100 procent sikkerhed, så tror jeg ikke, at nogen af dem, der omtalte sagen på blogs og/eller Twitter overhovedet har forsøgt at kontakte TV 2.

Значи кој ја продолжи приказната? Па, еден од „старите медиуми“: Journalisten.

Како го направија тоа? Како ја донесоа приказната на следното ниво? Па, тие го повикаат уредникот на TV2, Jes Schrøder. Не можам да го кажам ова со 100% сигурност, но не верувам дека било кој од луѓето кои го дискутираа случајот на блогови и/или Twitter се обидоа да ја контактираат TV2.

Det er muligt, at det er sådan blogs “skal” være, men det flytter ikke historierne nogen vegne.

Er det en konsolidering i mediebilledet, vi ser nu? At sociale medier og græsrødder finder historierne, mens medierne kører den sikkert hjem og bringer os og selve historien videre. Jeg tror det, og det er ikke nødvendigvis noget dårligt. Selve blog-mediet er rettet mod, at folk kan lufte deres egne holdninger, synspunkter og erfaringer.

Можеби ова е како „треба“ да бидат блоговите, но овој начин не ја движи приказната во ниеден правец.

Дали она што го гледаме е консолидација на медиумите? Социјалните медиуми и граѓаните ги наоѓаат приказните, а традиционалните медиуми ја дооформуваат приказната и ја носат во следното ниво. Јас мислам дека тоа е случајот и ова не мора да биде лоша работа. Блогот како медиум има за цел да им овозможи на луѓето да си ги кажат своите мислења, гледишта и искуства.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.