- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Либија: Фотографии од богати, потресни и историски времиња

Категории: Источна Азија, Јужна Азија, Латинска Америка, Среден Исток и Западна Африка, Централна Азија и Кавказ, Авганистан, Египет, Индија, Костарика, Либија, Малезија, Пакистан, Палестина, Узбекистан, Владеење, Војни и конфликти, Граѓански медиуми, Закон, Историја, Јазик, Миграција и имиграција, Политика, Религија, Староседелци, Туризам, Уметност и култура, Храна, Хумор

Овој напис е дел од специјалната репортажа Побуни во Либија 2011 [1].

Британско-либијскиот хирург и хуманитарец кој пишува под името Амал Ал-Леби стана носталгичен и објави некои стари слики од претходни посети на Либија на неговиот профил на Твитер @libyansrevolt [2] за да покаже дека се сеќава на Либија.

@libyansrevolt [3]: Гледајќи некои стари #слики од Либија од претходни посети…

Arch of Marcus Aurelius in Tripoli Libya [4]

Сводот Маркус Аурелис ноќе во стариот град во Триполи. Фотографија на @libyansrevolt.

Тој започна со фотографиите од крајбрежниот град [5] Триполи – фотографии кои ги покажуваат градските пазари каде продавачите на зеленчук [6] се наоѓаат покрај улиците, работниците со лим [7] во областите или „зангас“ на стариот град па дури и оние кои продаваат јајца од ноеви [8].

Тој исто така сподели и фотографии кои ги покажуваат историските елементи на градот, како што е Отоманскиот замок Ал-Сараја Ал-Хамра [9] (црвениот замок) кој се наоѓа во стариот град во Триполи каде е и  националниот музеј [10] на Римската архитектура, мозаиците и скулптурите.

Други фотографии покажуваат слогани и транспаренти за Гадафи [11] низ целиот град, Плоштадот на мачениците, кој самиот Гадафи подоцна го преименува во Зелен плоштад [12].

Ousban - A famous Libyan dish [13]

Оусбан, познато либијско јадење слично на зачинети хаги. Фотографија на @libyansrevolt.

Тој потоа оди во Лептис Магна [14], кој е прочуен град на Римската Империја, а неговие остатоци се наоѓаат во Ал Кумс, 130 км источно од Триполи на брегот каде Вади Лебда се спојува со морето. Тој направи [15]многу [16] фотографии [17] од остатоците таму:

[18]

Колосеумот во Лептис Магна Либда, често обележје на многу медитерански градови. Фотографија на @libyansrevolt.

Лептис Магна е дел од Светското наследство на УНЕСКО, и тоа го натера да препорача секој да го посети [19] ако некогаш патува во Либија, и исто така додаде [20]: „Ако кое било од овие места е оштетено кој и да е одговорен треба да плати“.

[21]

Античка џамија – датира од 668 год. н.е. Фотографија на @libyansrevolt.

Тој потоа додаде фотографии од фармата на неговиот вујко [22], Либијската пустина [23] со нејзините песочни дини [24], палми [25], брани [26] и илјадници години стариот глинен град [27].

[28]

GaberOun оаза во средина на либијската пустина. Водата е посолена од Мртвото море! Само пловиш! Фотографија на @libyansrevolt.

[29]

Ќаср Елхај, античка мелница на жито од внатрешноста на Џебел Нафуса [30]. Фотографија на @libyansrevolt.

Конечно, тој беше одведен од локален жител до планина каде фотографираше уметност од античка пештера [31] која датира од 5,000 ~ 10,000 год. п.н.е.  Тој додаде дека таму има многу пештерски цртежи од античко време особено на Акакус планините [32], сепак, за жал  некои се оштетени со графити [33].

Овој напис е дел од специјалната репортажа Побуни во Либија 2011 [1].