Дали го предложи твојот блог, група на социјалните медиуми или онлајн иницијатива на Наградите за најдобри блогови [1]?
Овие награди се годишни блогерски награди организирани од германскиот интернационален радиодифузер Дојче Веле [2] (@dw_thebobs [3]). Блогери, писатели, уметници, граѓански видео репортери, активисти и иноватори се охрабрени да престанат да се срамат и да ги регистрираат нивните блогови во една од 17-те категории [4] на 11 јазици.
Исто така, може да препорачате блог кој ви се допаѓа, а е напишан од некој друг. Одвојте малку време за да го поставите линкот [5] пред 13 март, 2012. Онлајн гласањето ќе се отвори на 2 април и победниците ќе бидат објавени на 2 мај.
Оваа година, блоговите на уредниците се посебно добредојдени бидејќи ќе биде доделена Образовна Награда. Оваа година се враќа и Наградата за репортери без граници и слобода на изразување.
Можеби Фејсбук и Твитер моментално доминираат на интернетот, но блоговите се далеку од застарени и сега се вклопуваат со социјалните мрежи.
Лауреатите „Најдобрите блогови“ за 2011 се доказ за трансформирачката моќ на индивидуалците и групи нетизени кои се стремат за промена. Многу од нив имаа свој удел во побуните во Арапскиот свет, Русија, Мексико, Иран, Бангладеш (овде [6] може да ја најдете целата листа на победниците од 2011).
Следново видео ја презентира визијата за овој почитуван и глобален натпревар, веќе 8-ма година по ред.
Глобал Војсис Онлајн и Наградите за најдобри блогови делат иста мисија: да фрлат светлина на неслушнатите гласови и да изградат мостови преку јазиците и културите. Многу блогери кои се покажаа на Глобал Војсис [8] подоцна се закитија со награда за најдобар блог.
Исто така, индивидуалци од Глобал Војсис ја имаа честа да бидат дел од жирито [9]. Оваа година, заедно со мене (Клер Улрих) [10] за француската категорија, во жирито ќе биде и Тарек Амр [11] од Египет кој е задолжен за арапските блогови. Исто така, дел од жирито е и Енда Насутион од Индонезија која беше првиот индонезиски автор [12] на Глобал Војсис од 2005-2006.