Награди за најдобри блогови: Дали го предложи твојот блог?

Дали го предложи твојот блог, група на социјалните медиуми или онлајн иницијатива на Наградите за најдобри блогови?

Овие награди се годишни блогерски награди организирани од германскиот интернационален радиодифузер Дојче Веле (@dw_thebobs). Блогери, писатели, уметници, граѓански видео репортери, активисти и иноватори се охрабрени да престанат да се срамат и да ги регистрираат нивните блогови во една од 17-те  категории на 11 јазици.

Исто така, може да препорачате блог кој ви се допаѓа, а е напишан од некој друг. Одвојте малку време за да го поставите линкот пред 13 март, 2012. Онлајн гласањето ќе се отвори на 2 април и победниците ќе бидат објавени на 2 мај.

Оваа година, блоговите на уредниците се посебно добредојдени бидејќи ќе биде доделена Образовна Награда. Оваа година се враќа и Наградата за репортери без граници и слобода на изразување.

Можеби Фејсбук и Твитер моментално доминираат на интернетот, но блоговите се далеку од застарени и сега се вклопуваат со социјалните мрежи.

Лауреатите „Најдобрите блогови“ за 2011 се доказ за трансформирачката моќ на индивидуалците и групи нетизени кои се стремат за промена. Многу од нив имаа свој удел во побуните во Арапскиот свет, Русија, Мексико, Иран, Бангладеш (овде може да ја најдете целата листа на победниците од 2011).

 

2011 BoBs winners

Неколку од победниците за 2011 од Иран, Русија, Египет, Тунис, Мексико за време на церемонијата во Бон, Германија – Фотографија на Дојче Веле

Следново видео ја презентира визијата за овој почитуван и глобален натпревар, веќе 8-ма година по ред.

Глобал Војсис Онлајн и Наградите за најдобри блогови делат иста мисија: да фрлат светлина на неслушнатите гласови и да изградат мостови преку јазиците и културите. Многу блогери кои се покажаа на Глобал Војсис подоцна се закитија со награда за најдобар блог.

Исто така, индивидуалци од Глобал Војсис ја имаа честа да бидат дел од жирито. Оваа година, заедно со мене (Клер Улрих) за француската категорија, во жирито ќе биде и Тарек Амр од Египет кој е задолжен за арапските блогови. Исто така, дел од жирито е и Енда Насутион од Индонезија која беше првиот индонезиски автор на Глобал Војсис од 2005-2006.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.