Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме дветските граѓански приказни достапни за сите

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Гана: Употребата на социјалните медиуми на изборите во 2012

Додека државјаните на Гана се поготвуваат за претседателските и парламентарните избори кои ќе бидат оддржани на 7 декември 2012, заедницата Блогерска Гана воведе иницијатива во социјалните медиуми која што има цел да ги обучи учесниците да ги користат алатките на социјалните  медиуми за набљудување и известување од изборите.

Гана Блогира е група на блогери од и надвор од Гана  кои блогираат за Гана.

Новинар за радиото во Гана, писател и блогер Нана Сарпонг пишува за отпочнување на иницијативата:

Логото на проектот Гана одлучува. Извор за сликата: Фејсбук страница на Гана одлучува.

Проектот Гана одлучува-блог за изборите 2012 започна денес во Винди Лоџ, Винеба. Гана одлучува е иницијатива на Гана блогира која што треба да им ги претстави на невладините организации, организациите на граѓанското општество, студентите (особено оние кои волонтираат за прв пат), политичките групи и целата јавност во Гана важноста и придобивките од користењето на алатките од социјалните медиуми за изборите во Гана.  Проектот настојува да ги вклучи овие тела и индивидуалците,  да ги обучи да ги користат овие алатки како и да обезбеди доверлива платформа за набљудување на изборите во земјата.

Млади гласачи кои ги покажуваат нивните гласачки картички. Извор на сликата: профил на Фликр на Гана одлучува.

Нана продолжува:

Бидејќи повеќето иновативни проекти како Гана одлучува обично се базирани во главниот град, проектниот тим сметаше дека е најдобро истиот да се започне надвор Акра. Лансирањето кое беше на тема Охрабрување учество на информирана младина на изборите во 2012 вклучи и ученици од средните училишта во Винеба, локалната унија на физички попречени во Винеба, како и другите физички попречени луѓе, студенти од Универзитетот за образование Винеба, невладини организации како План Гана и пошироката јавност.

Лансирањето го одбележа официјалното воведување низа онлајн и офлајн активности на Гана одлучува, меѓу кои кампањата iRegistered наменета за напредните млади гласачи да излезат масовно, да се регистрираат и да се сликаат или снимаат додека го прават тоа или по регистрирањето. Моментално назнаката #iRegistered е актуаелна на Твитер.

Видеото подолу од Гана одлучува на Јутјуб каналот покажува сцени од регистрирањето на гласачите во Гана.

Гана одлучува објаснува повеќе за #iRegistered иницијативата:

Помеѓу активностите на Гана одлучува е и кампањата ‘#iRegistered’ за државјаните на Гана да се регистрираат бидејќи Изборната комисија ја започна биометриската регистрација на гласачите.

#iRegistered во 4 едноставни чекори;

1. Гана одлучува обезбеди информации за биометриската регистрација на веб-сајтот (http://ghanadecides.com).  На веб-сајтот на Владата на Гана (http://ghana.gov.gh) исто така има брошура за постапката при биометриското регистрирање. Секој државјанин на Гана е повикан да го прочита, да биде информиран и да ја сподели оваа информација со семејството, пријателите и луѓето во нивната заедница.

2. Да објави на Твитер, Фејсбук или Гугл+ за регистрирањето и потребата за регистрирање со хаштаговите #iRegistered и #GhanaDecides.

Гана одлучува иницијативата е и на Јутјуб, Твитер, Фликр и Фејсбук.

Главниот натпревар на изборите во декември 2012 ќе биде меѓу двете главни политички партии во Гана, владејачката Национален демократски конгрес (НДК) и главната опозициска Нова патриотска партија (НПП).

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.