- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Русија, Америка: Реакции на приказната за бездомници кои пристапуваат на интернет

Категории: Источна и Централна Европа, Северна Америка, Русија, САД, Владеење, Дигитален активизам, Економија и бизнис, Развој, Технологија

На почетокот на овој месец, рускиот портал за социјално вмрежување Habrahabr.ru објави фотографии и преведен текст [1] (руски) од изданието на 30 мај на Wall Street Journal за онлајн присутноста на американските бездомници – На улица и на Фејсбук: Бездомниците остануваат поврзани [2].

Оригиналната англиски приказна поттикна 93 коментари [3]. На Habrahabr.ru, моментално има 183 реакции – и подолу се наведени некои од нив:

kakains:

Wow!!! 0_0
Тука не може да наидете на бездомници со лаптоп […]

isnotme:

Тука дури и да наидете на некој, не би помислиле дека тој го купил.

Unechka:

Тука бездомникот ќе биде убиен за тој лаптоп. И многу веројатно од полицијата.

Sigurd:

Тука дури и обичен човек кој би го понел својот лаптоп надвор не би преживеал многу долго …

crazysiemens:

Тука не е ни честа случката да наидете на обичен човек со Macintosh :))

jeje:

Ако беше 1 април, никогаш немаше да поверувам. Но, по ѓаволите, ние сме дури посиромашни и во споредба со бездомниците од Соединетите Држави.

dymdym:

Ова се поединечни случаи. Ние исто така имаме многу паметни деца помеѓу бездомниците. Едно дури создава филмови и добива награди на фестивали. Но, повеќето се алкохоличари.

r_p:

Тука некои студенти не можат да си дозволат лаптоп. […]. Тоа ме прави тажен 🙁

Inskin:

Постојат неколку разлики – колку што знам јас, во Калифорнија е лето преку целата година. Претпоставувам дека таму постојат многу слободни безжични мрежи. Тука во (Санкт Петербург), доколку си бездомник, девет месеци во годината лаптоп и интернет ти се последното нешто за кое размислуваш. 🙂

Petrucha:

Тука вотката е најдобар лаптоп.

hypercom:

Таму, бездомниците не може да живеат без интернет, додека тука образованите и вработените луѓе не знаат за што користи интернетот. Оваа разлика повеќе вознемирува од онаа за стандардот.

big_jump:

Некои луѓе не можат да разберат зошто им е потребен компјутер и за нив интернетот претставува комплетно друга димензија.