На почетокот на овој месец, рускиот портал за социјално вмрежување Habrahabr.ru објави фотографии и преведен текст (руски) од изданието на 30 мај на Wall Street Journal за онлајн присутноста на американските бездомници – На улица и на Фејсбук: Бездомниците остануваат поврзани.
Оригиналната англиски приказна поттикна 93 коментари. На Habrahabr.ru, моментално има 183 реакции – и подолу се наведени некои од нив:
kakains:
Wow!!! 0_0
Тука не може да наидете на бездомници со лаптоп […]isnotme:
Тука дури и да наидете на некој, не би помислиле дека тој го купил.
Unechka:
Тука бездомникот ќе биде убиен за тој лаптоп. И многу веројатно од полицијата.
Sigurd:
Тука дури и обичен човек кој би го понел својот лаптоп надвор не би преживеал многу долго …
crazysiemens:
Тука не е ни честа случката да наидете на обичен човек со Macintosh :))
jeje:
Ако беше 1 април, никогаш немаше да поверувам. Но, по ѓаволите, ние сме дури посиромашни и во споредба со бездомниците од Соединетите Држави.
dymdym:
Ова се поединечни случаи. Ние исто така имаме многу паметни деца помеѓу бездомниците. Едно дури создава филмови и добива награди на фестивали. Но, повеќето се алкохоличари.
r_p:
Тука некои студенти не можат да си дозволат лаптоп. […]. Тоа ме прави тажен 🙁
Inskin:
Постојат неколку разлики – колку што знам јас, во Калифорнија е лето преку целата година. Претпоставувам дека таму постојат многу слободни безжични мрежи. Тука во (Санкт Петербург), доколку си бездомник, девет месеци во годината лаптоп и интернет ти се последното нешто за кое размислуваш. 🙂
Petrucha:
Тука вотката е најдобар лаптоп.
hypercom:
Таму, бездомниците не може да живеат без интернет, додека тука образованите и вработените луѓе не знаат за што користи интернетот. Оваа разлика повеќе вознемирува од онаа за стандардот.
big_jump:
Некои луѓе не можат да разберат зошто им е потребен компјутер и за нив интернетот претставува комплетно друга димензија.