Србија: Збогум за Шабан Бајрамовиќ, кралот на Ромите од Балканот

Шабан Бајрамовиќ, познат како „кралот на ромската музика“, почина во неделата во Ниш, неговиот роден град во јужна Србија од срцев удар. Еве неколку примери за што вели блогосферата за неговиот живот и неговата музика.

Шабан Бајрамовиќ

Византискиот блог ги сумира неговите музички достигнувања:

Легенда помеѓу Србите, извонреден пејач и композитор со топол рапав глас, прикажувајќи ги сите страдања и страсти на својот народ, Шабан Бајрамовиќ беше познат како еден од најдобрите светски џез и блуз пејачи и композитори. Неговата песна Џелем, Џелем беше прифатена како официјална химна на ромскиот народ. […]

Извонреден артист, Шабан сними повеќе од 20 албуми и компонираше повеќе од 650 песни, меѓу кои познатата песна Месечина (оригинално Џели Мара), аранжирана од Горан Бреговиќ за албумот од филмот „Подземје“ од српскиот режисер Емир Костурица. Тој исто така пееше и на албум од друг филм на Костурица, „Црна мачка, бел мачор“ (песната „Бубамара“), како и на албумот „Приказни и песни од свадби и погреби“ од Горан Бреговиќ. Помеѓу другите филмови, Бајрамовиќ исто така се појави и во филмот на Горан Паскалевиќ „Ангел чувар“.

Сандра Драшковиќ на Демустигинх Сербиан Дизајн, која понуди и биографија од музичарот, го величаше со емоции:

Тој беше големо име во ромската и џез музиката и со милозвучен глас и одличен израз во кој уживав премногу, особено во неговите последни проекти и концерти во живо. Шабан Бајрамовиќ беше еден од најплодните и најмногу познат ромски пејач, композитор и поет на Балканот.

Кога ќе го вметнете неговото име во ласт.фм софтверот или на вашата ЈуТјуб страница може да пронајдете многу прекрасни и многу познати композиции…

Ерик Горти на Ист Етниа напиша краток епитаф:

Тој ја напушти армијата поради љубов и го формираше неговиот прв бенд Гол Оток. Неговата музика беше прекрасна. Во неговиот живот и неговите успеси и неуспеси беа огромни. Последниве неколку години видовме како успешно го менуваше својот звук со помош од Кубисимо, а од неодамна видовме како се соочуваше со здравствени и финансиски проблеми. Тој изгледаше неуништлив за многумина. Но денес мораме да му кажеме збогум на кралот на ромската музика.

Белград 2.0 блогер колега, Бганон се прашува за непризнавањето во неговиот град:

Значи, зошто починувањето на Шабан Бајрамовиќ не е одбележано како што треба? Зошто многу музичари од светот немаат слушнато за него? Постојат многу причини, но примарен е фактот што Србија не го ценеше Бајрамовиќ, можеби поради етничката призма низ која луѓето од регионот имаат обичај да гледаат. Ова е човек кој можеше да биде вработен (и платен добро) да ја промовира Србија во културната сфера. Постојат и други причини, Костурица и Горан Бреговиќ го монополизираа жанрот и во некои случаи ја плагираа музиката, како што прават и другите артисти.

И за крај ве оставаме со музиката од „легендата“. ДФБМБЕ подкаст и блог има мп3 од најпознатата песна на Бајрамовиќ, Гељан Даде. Сега следува видео од Џелем, Џелем, официјалната химна на ромскиот народ.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.