Екстремни анти-имигрантски групи се шират низ Европа

*Сите линкови водат до написи на Шпански, доколку не е поинаку нагласено

Падот на берзата во 1929 година, предизвика економска криза која стави милиони луѓе во финансиски потешкотии. Економскиот колапс значеше константна загуба на работни места од огромен број и мизерија за голем број на фамилии. Ситуацијата прерасна во одлична бура за појавата на фашистички движења, кои дојдоа на власт во Германија [англиски] и Италија, и чии ефекти се познати за сите нас.

Погодени од една од најлошите економски кризи во поновата историја, фашистичките партии повторно се во пораст во 21 век во Европа. Партии кои цветаат го користат социјалното незадоволство, ова може да се почуствува во земјите каде на граѓаните им се одземаат правата за кои со генерации се бореле. Како што е наведено во Eвропскиот антифашистички манифест [англиски]:

Extreme right protesters in Spain. Photo taken from Xavier Casals' <a href="http://xaviercasals.wordpress.com/2013/03/23/puede-surgir-una-derecha-populista-en-espana-el-teorema-de-patrick-moreau/">blog </a>[es].

Екстремни десничарски демонстранти во Шпанија. Фотографија преземена од блогот на Хавиер Касалс [шпански].

Екстремната десница и повеќето нео-нацистички и нео-фашистички сили растат насекаде во Европа – искористувајќи ја радикализацијата на средните класи, уништени со кризата, мерките на штедење, со очајот на маргинализирани и  осиромашени, невработени лица. Добиваат огромно влијание врз посиромашните слоеви на општеството, вртејќи го истото ова влијание против традиционалните и поновите „жртвени јагниња“ (имигранти, муслимани, евреи, ЛГБТ заедницата, лица со попреченост,…) како и против левичарските организации и синдикати.

Екстремно десничарски политички партии постепено се појавуваат низ Европа во последните неколку години. Белгиската Vlaams Blok, основана во 1970те и претходно забранета, неодамна одново се појави под името Vlams Belang. Францускиот Национален фронт, основан во 1972 година, се појави како најразумна трета партија на неодамнешните претседателски избори. Во Норвешка, Партијата на прогресот доби повеќе од 22% од гласовите на изборите во 2009 год. Aндерс Бривик, осуден за нападите на островите Утоја, помина неколку години качувајќи по редовите на партијата.

Во Швајцарија, Швајцарската народна партија доби 29% од гласовите на изборите во 2007 год. Кога Aвстриската партија на слободата влезе во владата на Австрија во 1999 год, земјите членки на ЕУ беа присилени да поднесат санкции против нивната земја-сосед. Слични примери може да се најдат во Шведска, Финска, Данска, Холандија, Италија, Унгарија, Бугарија и Грција, секоја од овие земји на власт има партија од екстремната десница.

The perfectage of parliamentary representation held by extreme right groups throughout Europe, 2012 (by percentage of votes). Image from Ignacio Martín Granados' <a href="http://martingranados.es/2012/05/03/que-la-simiocracia-no-nos-acabe-quitando-la-democracia/">blog</a>.

Процент на парламентарна застапеност на екстремната десница во Европа, 2012 (според процент на гласови). Сликата е преземена од блогот на Игнасио Мартин Гренадос.

Во други земји, како Шпанија, таквите партии не успеаја да влезат во долните домови на владата, но успеаја да го отворат својот пат кон други институции. Во последните општински избори, Побарувачката партија на Каталонија (PxC) си обезбеди 67 места во различни општини низ Каталонија. Следното видео, објавено од страна на alpujarradelasierra на Јутјуб, е од последната кампања на PxC и недвосмислено ги изразува нивните политички ставови:

Горенаведените политички партии имаат слични идеолошки премиси. Сите се длабоко Евроскептични, непријателски настроени кон имигранти и малцинства, и претендираат доктрини на расизам и радикален национализам. Тие исто така поддржуваат популистичка реторика, предложувајќи едноставни решенија – кои само изгледаат едноставни, а често се против човековите права. Најпознатата евроскептична партија е Независната партија на Обединетото Кралство, UKIP, која според блогот Territorio Europa [шпански]- меѓу другите – го промовира следното:

  • Повлекување од ЕУ и регулирање на движењето на луѓето и работниците.
  • Прекинување на полисата за отворени граници и враќање на визниот систем (кој ќе важи и за граѓаните од ЕУ).
  • Укинување на актот за човекови права усвоен во 1998 и повлекување на членството од Европската конвенција за човекови права.
  • Прекинување на можноста на граѓаните на Обединетото Кралство да поднесуваат жалби до европскиот или интернационалниот суд, во одбрана на своите човекови права.

Масивниот прилив на имигранти за време на економскиот „бум“, што ги влоши моменталните бројки на вработеност, ги поттикна расизмот и ксенофобијата на ултра-десничарските партии, најмногу насочени кон муслиманската заедница. Тие ја искористија појавата на радикалниот Ислам во Европа – која од страна на многу Европејци се смета за закана за западните вредности – за да добијат гласови. Блогот Territoires de la Memoire [француски] сумира некои од ставовите на Vlaams Belang:

Anti-Islam protest in front of the European Parliament building in Brussels. Photo from the blog <a href="http://yahel.wordpress.com/2012/05/14/el-rapido-ascenso-de-partidos-de-derecha-en-europa-tiene-al-ala-izquierda-temblando/">Nueva Europa – Nueva Eurabia</a> [New Europe - New <a href="http://en.wikipedia.org/wiki/Eurabia">Eurabia</a>]

Анти-ислам протести пред зградата на Европскиот Парламент во Брисел. Фотографијата е преземена од блогот Nueva Europa – Nueva Eurabia [Нова Европа – Нова Eурабија]

 […] refuser de reconnaître l’islam comme une religion: «[…] L’islam n’est pas une religion comme le catholicisme, le judaïsme ou l’hindouisme, c’est une religion-droit-culture-civilisation, intrinsèquement ‘intégriste’ […] ». L’islam est aussi systématiquement infériorisé: c’est «[…] une religion rétrograde […] », «qui maintien les femmes musulmanes sous un statut de quasi-esclavage », avec des «[…] mentalités aussi primitives que barbares […]», et des adeptes «[…] fanatiques ignorants et barbares […] ».

(…) тие одбиваат да го прифатат исламот како религија: «(…) Исламот не е религија како што е христијанството, или хиндуизам, тоа е религија-закон-култура-цивилизација што е внатрешно суштинска (…)». Исламот е исто така систематско омалуважување: таа е «ретроградна религија (…)», «ги држи муслиманските жени на статус кој наликува на ропство» со «(…) примитивен менталитет како да се варвари (…)» и следбеници кои се «(…) игнорантни и варварски фанатици (…)».

Малцинствата се исто така предмет на навреда од страна на овие ултра-десничарски групи. Унгарската партија Jobbik која состави листа на „опасни“ евреи во земјата, непријателството изразено кон ромската популација од страна на Националниот фронт [француски] во Франција и Партијата на напад во Бугарија се основни примери на идеологиите на овие групи.

Грчката партија Златна Зора е само уште еден пример, со тоа што нејзините активисти беа виновници во голем број на напади врз работници-мигранти извршени неодамна, и чиј портпарол ги разубеди сите сомнежи во идеолошките убедувања на партијата со нападот врз две политичарки за време на една телевизиска дебата, која беше објавена во каналот Јутјуб на RussiaToday:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.